TREND FOCUS: PINK ON PINK



Розевата е дефинитивно боја на сезоната. Владеејќи ја пистата на скоро сите модни дизајнери во нивните пролетни колекции, розевата е тренд кој се карактеризира со едноставност и голем оптимистички приказ. Со сите нејзини подтонови, розевата првенствено е женствена кога ја носите со полежерни парчиња, но и многу секси и моќна која ја носите со високи потпетици. Поентата ми е дека оваа слатка нијанса, во која било форма, не е само за романтичарки туку и за шизиките со рокерско срце. 

Искомбинирана од глава до пети? Секако дека да. Розевите подтонови одлично се надополнуваат меѓу себе, а оваа сезона поради модерните и асиметрични кројки од понудата на хај-стрит брендовите, нема потреба од страв дека ќе изгледате како средношколки.   





Најдобриот начин да го постигнете овој од глава до пети изглед во една боја е да искомбинирате парчиња направени од различни видови на материјали и во различни нијанси на розева. Во мојот случај, комбинацијата е составена од фустан со асиметричен крој, во топли розеви тонови, и дуксер со лого, кој е исто така еден од најголемите трендови на оваа пролетна сезона, во ладна, пастелна розева боја. 


Додатоците во комбинацијата се приказна за себе. Отсекогаш сум ја сакала комбинацијата на црна со тегет, жолта со лила и црвена со розева. Затоа и во оваа комбинација се решив за црвени додатоци во форма на обетки и чанта-колан. 

Во донос на чевлите, можеби најсигурна варијанта ќе беа во земјени тонови, но јас одлучив тие да доминираат во комбото, па се во црна боја.




Оваа комбинација одлично функционира и како дневна но и како  вечерна варијанта со само неколку мали трикови. Наместо чевли со висока потпетица облечете патики, црвените волуменозни обетки заменете ги со полежерни и имате комбинација за на кафе и претпладневна прошетка со пријателките. 

За вечерен изглед, облечете високи потпетици или чизми во кафена боја, и додадете сако-палто над дуксерот и спремни сте за на вечера со момчето.



Today I'm wearing:

Mango dress 43030772-LM (here)
Calvin Klein sweatshirt 
Parfois bag 163374-RDM (here)
Mango earrings 43050790-LM (here) all this thanks to Fashion Group Macedonia

Marwell by Caci Pakovska shoes (here)

Photography: Kosta Stamatovski
Styling: MissUrbanVibe
Make up: Katerina Mircheska for MAC Cosmetics Skopje

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments

Popular Posts