STYLE GUIDE: WHAT TO WEAR NOW: TRANSITIONAL PIECES EDIT
Март е дефинитивно најнепредвидливиот месец во годината, кога временските разлики во температурата варираат во текот на денот и ноќта. Наутро е ладно, претпладне и попладне е топло, а навечер е повторно ладно. Затоа март е најубавото годишно време кога можеме да се облекуваме и да практикуваме слоевито облекување.
Размислувајте за транзициски парчиња како лесни џемпери, здолништа, лелеави фустани, мантили и панталони од лесни материјали. Инјектирајте малку боја во комбинацијата, без разлика дали ќе носите монохроматска комбинација или некое парче со интересен дезен, бидејќи сепак, се работи за месец кој е предвесник на пролетта.
Кога се двоумите, облечете фустан. За мене, фустанот е парче кое може да се носи во сите пригоди, без разлика дали е ден или ноќ, дали ќе го носам на работа или на некаков официјален настан. Ако сакам да се издвојам од толпата, секогаш бирам фустан со необична силуета и со дезен во јаки бои, токму како овој кој го носам во денешниот пост. Геометрискиот принт, боите и материјалот асоцираат на пролет и на безгрижни сончеви денови, додека мантилот на комбинацијата и дава шик и малку посериозна нишка.
Овој фустан би го носела и како посетител на модна недела, каде наместо мантилот би го искомбинирала со палто со цветен дезен или монохроматски пруги. На нозете би носела бели кратки чизми или хулахопки во јака боја и патики на платформа.
Today I'm wearing:
Bata shoes (old)
Parfois earrings (old)
Photography: Kosta Stamatovski
Styling: MissUrbanVibe
Make up: Emine Mihtar for MAC Cosmetics Skopje
Hair: Studio Pretty woman
Look at Vibe to look Your best
Love,
E
Comments
Post a Comment