Tuesday, June 7, 2022

BELLA CIAO!


Облеката отсекогаш била еден вид на особен израз и комуникација за тоа како сакаме да не перцепираат луѓето околу нас. А секој од нас има сопствен стил, повеќе или помалку изграден, и преку него се покажуваме себеси и својата личност. Секојдневно истражуваме што сакаме да носиме, што не прави среќни додека го носиме, кои парчиња на облека или додатоци ни влеваат самодоверба, и правиме комбинации со кои сакаме да кажеме: „е ова сум јас“. Сите овие мали детали и целото расположение кое го носиме длабоко во себе, додека го правиме изборот, го заокружуваат овој моден израз и ја подигнуваат на повисоко ниво секоја комбинација која ја облекуваме. Ако на сето ова додадеме автентичност, разиграност во парчињата, креативност и талент во комбинирањето, ја имаме добитната „формула“ со која ќе ги привлекуваме погледите на сите споредни минувачи. Сето ова не би било комплетно и не би отскокнувале од останатите, доколку не го забибериме со доза на софистицираност, елеганција и харизма.  



Јас лично, сум девојка која секогаш, што и да правам, го правам со многу чувство и по мои правила. Истото важи и за облеката. Го замислувам ритамот во мојата глава и оставам облеката да ја отсвири мелодијата на моето расположение, баш онака како што се чувствувам во моментот. Како и во животот, сакам мојата облека да е се’, освен традиционална и предвидлива. Затоа секогаш одбирам парчиња кои осткокнуваат од обичното и имаат дизајн кој плени. 



Фустанот кој го носам во овој пост ми е одлична илустрација на парче кое има се’ што би го отсликало мојот моден израз. Од асиметричниот крој, до дезенот и материјалот од кој е изработен. А за фитот воопшто не треба ни да дискутираме. Совршен за мојата силуета. И знаете што? Не е од ниту еден хај стрит бренд кој се продава кај нас, туку од модната куќа Бела. Тоа што е од домашно производство, со врвен квалитет и дизајн, само додава на тежина на самото парче. А јас, како една од ретките блогери кај нас кои подржуваат домашни брендови и дизајнери, ќе го носам со особена чест. Пред се’, бидејќи е направено со многу љубов и внимание. А јас додека го носам, е во служба на мојата рафинирана префинетост, а моделот не е тука да го одвлече вниманието од мојата личност, туку да ја заокружи мојата автентичност. 



Да ми кажеше некој дека комплетно ќе се пронајдам во нивните модели немаше да верувам, до пред извесно време. И ова го кажувам за да ви доловам дека понекогаш дискриминираме домашни брендови на сметка на оние извиканите светски. Тука и сега запишувам дека би ги рециклирала парчињата, одново и одново, а конкретно овој фустан би го носела со високи потпетици, со патики, за на кафе, за излегување, и за секоја пригода која можам да ја смислам. И многу ми е драго, што ова е почеток на една убава модна љубовна приказна.    



 

Во денешниот пост носам:


Фустан Bella (тука)

Чанта Carpisa


Фотографија: Ерина Богоева

Шминка: Милена Косиќ

Фризура: Hair house 


Look at vibe to look your best

Love

E