GET READY FOR SPRING PULSATION
После долгата зима, кога доаѓаат првите сончеви денови сите се будиме како природата. Окулу нас се се обновува, а нас не тера да излеземе од долгиот зимски сон, да станеме активни и да почнеме нови работи. Занесени од убавото време и прогноза, забораваме дека ни треба период на навикнување од ладни на потопли денови, па полни со елан се трудиме да ги завршиме сите обврски. Но, пролетната мрза не заобиколува никого. И во целиот овој преоден период, кој мораме да го пребродиме, треба да останеме позитивни и да се трудиме да си ја подобриме концентрацијата, во спротивно ќе се препуштиме на мрзата и нема потполно да уживаме во убавото време кое надоаѓа. На оваа тема, ви подготвивме неколку совети за тоа како побрзо да транзитирате во пролетта.
Детоксикација на организмот
За да го спречите уморот најважно е да го исчистите телото и умот од сите токсични работи кои ви влијаат на расположението. Најважно е да ја прилагодите вашата исхрана на годишното време. Тешките, еднолични зимски оброци да ги замените со јадења и храна полна со диетски влакна, протеини и витамини. Вклучете сезонско овошје и зеленчук и пијте многу вода. Трудете се во вашите оброци да има повеќе зелени намирници, за кои нутриционистите велат дека му прават природна детоксикација на организмот, а притоа ја одржуваат еластичноста на кожата, а телото свежо.
Кога сме веќе кај пролетно чистење, може треба да размислите и за прочистување на вашата контакт листа од сите контакти кои ви ја одземаат позитивната енергија. Рековме, време е за нови промени, нели?!
Рекреација наместо нови апликации
Конечно е време да ја реализираме реченицата: почнувам од понеделник. Не понеделник, туку тука и сега. Веднаш! Пролетта е идеално време за рекреација, за вежбање, за возење на велосипед, за пешачење, на планина, во природа. Секаде каде што можете. Без да ги загреете задниците, знаете дека нема резултати. Овој е периодот кој е измислен за да го зајакнете телото и имунитетот.
Наместо на работа да одите со автомобил или автобус, одете пеш или со велосипед. За викендите уживајте на море, река, планина, во чистиот воздух и во природата. Додека го правите ова заборавете на телефоните и играњето со милион апликации. Sверете се во небото, наместо во последните сториња на инстаграм.
Нова козметичка рутина
Промената на биоритамот носи промена на вашата кожа. Затоа, многу внимателно одберете ги вашите пролетни козметички производи за нега на кожата на лицето и на телото. Размислувајте на производи кои ќе ја хидрираат и ќе ја одржат чистотата на кожата, но во исто време и размислувајте за производи со СП фактор што ќе ве штитат од првите сончеви зраци. Десет минути наутро и десет минути навечер ви се сосема доволни за да го постигнете бараниот резултат и да ја заштитите кожата за летото кое допрва следува. На овој начин, нечистотијата, остатоците од шминка и мртвите келии ќе ги снема а на кожата ќе и го вратите природниот сјај.
Dress & jacket Liu Jo
Bag Pinko
Shoes Zara
Photography: Kosta Stamatovski
Styling: MissUrbanVibe
Make up: MAC Cosmetics Skopje
Special thanks to Muzej na Sovremena Umetnost Skopje for their hospitality
Look at Vibe to look Your best
Love,
E
Comments
Post a Comment