NEW BEAUTY MISSION


Оние кои редовно го читаат мојот блог, знаат дека мноуг сакам да тестирам нови кометички линии и производи. Уште повеќе се радувам ако самите производи имаат некаков препишан и препорачан ритуал во нивното користење, па нивното нанесување не е досадно и монотоно.

Пред неколку месеци од моите соработници од Авон, ја добив за тестирање Mission Y, линија на оригинална јапонска козметика инспирирана од ритуалите за убавина на јапонските жени. Производите се базираат на екстракт од ферментиран квасец, состојка која го стимулира клеточниот метаболизам и на кожата и овозможува еластичност, здрав сјај и регулирање на маснотијата во текот на целиот ден.

Колекцијата се состои од четири производи: пена за чистење на лице, лосион за интензивна хидратација, концентрирано млеко и потхранувачки дневен и ноќен крем за лице. Интересно е тоа што, секој од производите со својата функција и делотворност, го надополнува следниот, бидејќи се нанесуваат според јапонскиот ритуал слој врз слој и длабински ја хидрираат кожата.


Прв чекор: Чистење

Пената навистина длабински ја чисти кожата на лицето и дава одлични резултати при нејзино користење. Има лесна, кремаста и воздушеста текстура која и со буквално една капка истурена во рацете, ефикасно ги отстранува нечистотиите на површинскиот слој на кожата. Има дискретна арома, која верувам на сите ќе им се допадне и ефект на ревитализирање и осветлување на тенот. Малку ја суши кожата при користење, но тоа се надоместува со следните неколку чекори. 


Како се користи: Се нанесува наутро и навечер (јас ја користев само наутро) и со благо масирање и втријување во дланките се нанесува на влажна кожа. Полека се масира во кожата со кружни движења, за подобрување на микроциркулација на кожата, но не се трие, бидејќи не сакате да имате спротивен ефект и да ја оштетите кожата на вашето лице. Чекорот се завршува со исплакнување со вода и отстранување на вишокот пена од лицето. 

Совет плус: Бидете внимателни каде ја нанесувате, посебно зборувам за делот околу очите, бидејќи оваа пена ради формулацијата на осветлување на тенот на лицето, може да ви предизвика иритација во пределот под и над очите. Затоа избегнувајте да ја нанесувате во овој дел доколку одлучите да ја користите колекцијата.

Втор чекор: Хидратирање

Лосионот лесно се апсорбира во кожата обезбедувајќи и хидратација, мекост и еластичност. Текстурата му е како на вода и нема арома. Лосионот е бестселер на колекцијата токму поради неговата делотворност. Лично повеќе ми се допаѓа млекото, меѓутоа она што најмногу ми се допаѓа кај лосионот е начинот на кој се употребува.


Како се користи: Се нанесува наутро и навечер по неколку капки кои нежно, без многу притисок се тапкаат во кожата на лицето и вратот. Единствена мана кај овој поризвод е тоа што нема пумпичка за распрскување што би го направила полесен за користење. Во ова пакување, ви треба малку повеќе внимание додека го отсипувате на дланките.

Трет чекор: Ревитализирање

Млекото ми е омилениот прозивод од Mission Y колекцијата. Не можам да му најдам никаква замерка. Текстурата му е течна, не е многу густа и лесно навлегува длабоко во кожата и се апсорбира. Има убава арома која додека го користев не открив од каде ми е позната и на што ме потсеќа. Одлично ја хидрира кожата, ја задржува нејзината еластичност и го подобрува тенот.


Како се користи: Наутро и навечер, по нанесување на лосионот. Неколку капки од млекото нежно се масираат на лицето и на вратот со кружни движења.

Совет плус: Млекото може да го користите и самостојно. Претходно измијте го лицето со топла вода, па потоа на полумокра кожа ставете од млекото и масирајте. И на овој начин има одлична делотоврност на кожата.

Четврт чекор: Потхранување

Кремата ми е втор омилен производ од колекцијата. Како и млекото, има убава млечна и ненаметлива арома. Има богата кремаста текстура чијашто идеја е да ја заштити кожата од надворешни влијанија. Брзо се апсорбира во кожата и на лицето остава невидлив слој кој ја заштитува. Таа е наменета да ги заджи активните состојки на нејзината формула за поцврста и поеластична кожа на лицето.


Како се користи: Наутро и навечер, како последен од четирите чекори на колекцијата. Се нанесува на лицето и на вратот и нежно се тапка на кожата. 

Совет плус: Пробајте да нанесете мала количина од кремата на прстите, малку загрејте ја меѓу нив и со кружни движења масирајте како би ја подобриле микроциркулацијата на кожата на лицето и на вратот. 


Колекцијата Mission Y е наменета за жени над 30 години кои почнуваат да се доочуваат со првите знаци на стареење на кожата. Целата комбинација на производи е наменета да го подобри процесот на природно подмладување на површината на кожата и да ја зајакне нејзината природна бариера. Ферментираниот квасец пак, богат е со витамини, аминокиселини, минерали и органиски киселини, па оттука и делотворноста кон подобрување на еластичноста и ревитализирање на тенот. Ја препорачувам на сите жени и девојки кои навистина сакаат да вложуваат во зачувување на нивната кожа за во иднина, кои не размислуваат за моментални ефекти, туку ќе ги ползуваат бенефитите од квалитетна козметика во подоцнежни години. И за крај, би сакала само да посочам дека производите ги користев скоро три месеци, бидејќи навистина само неколку капки од секој, се доволни за да дејствуваат и да ја постигнете целта.

Овој пост е во соработка со АВОН Македонија, но текстот и мислењето се комплетно мои, донесени од искуство при користење на производите. 

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments

Popular Posts