Tuesday, April 21, 2020

КАКО ДА КОМБИНИРАТЕ ЕДНО ПАЛТО НА 7 РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ by TheGjurovska


Heeey Hey, најпрвин пред било што друго морав да ја напоменам тремата која ја почувствував што седнувам да напишам блог пост, макар бил гостински. Пасијата кон блогирањето која започна уште пред речиси 6 години сеуште ја има во мене но, блогот не постои а и да бидам искрена е ставена на страна, shame on me.
Во време кога сите седиме дома за едно подобро утре, би рекла дека најдобар издувен вентил е она што вас најмногу ве исполнува. Во денешно време кога сме преплавени со информации: Што би требале да направиме за да го исполниме времето, како да го организираме денот, како да се чувствуваме, што да објавиме, што е тренд на социјалните медиуми па го следиме истиот без разлика дали тој е близок до нашата еститика итн...Јас би рекла дека за промена треба да се слушаме себе си.


И што мислам кога велам да се слушаме себе си? Тргнувајќи од самата себе  кога ќе се изгубам во она Што би требало го губам компасот, креативноста, желбата за нешто ново...
Нема да ви кажам направете го ова, ќе речам правете го она што ве исполнува без исклучок.


Е сега, кога си кажав што имам во неколку реченици можам и да споделам со вас неколку работи во врска со комбинациите кои ги гледате на фотографиите.
Како што можете да забележите станува збор за исто палто и 7 различни изгледи, за секој ден од неделата за до дневна. 😊


Шегата на страна, сметам дека секогаш секој аутфит треба да го започнете со едно парче и да направите повеќе комбинации со истото. Јас би рекла дека денес слободата на комбинирање стилови е толку голема што на вас останува само да имате добра имагинација. Палто и фармерки, зборувајте ми за safe варијанта. Никогаш не можете да направите грешка! Искобинирајте ги со кошула или маица, and voila. Имате изглед кој е прикладен за повеќе пригоди.


Би рекла дека секоја девојка треба да има matching палто и панталони, комбинациите би немале крај, со патики или високи потпетици, балетанки или сандали, буквално со се може да изгледа кул и шик!
Исто не заборавајте да прочепкате во гардероберот на вашата баба или мајка, таму се кријат најтрендовските парчиња за сезонава, trust me!


Не би должела повеќе само се надевам дека ви дадов идеја плус за следниот ваш аутфит во кој ќе си згазите” кога ќе се вратат работите во нормала. До тогаш, направете ги најдобрите комбинации ever, продефилирајте до кујна, ставете си чаша вино и останете безбедни.


За себе, за вашите најблиски, за сите нас.
Much love,
TheGjurovska