Wednesday, April 24, 2019

TREND ALERT: SHADES OF BEIGE


Како и минатата, така и оваа сезона во тренд се парчињата на облека во сите нијанси на беж боја. Без разлика во каква прилика и да ги носите, овие парчиња се едни од оние во кои е паметно да инвестирате. 

Фустанот од Манго ми беше совршен пролетен улов и парче кое може да го транцформирам и за дневни и за вечерни прилики, се разбира со мали трикови. Оние кои сакаат полежерно издание, доволно е да ги заменат чевлите со балетанки или пак со патики. За вечеен изглед, маичката излегува од комбинацијата, додаваме убав накит, чевли на потпетица и добиваме сосема нов и свеж вечерен изглед. 

Вака комбинирани беж парчиња мене ми се соодветни за на работа, за дневно или попладневно кафе со пријателките, па дури и за некој деловен состанок кога е во кобинација мантилот, а без маичката. За да не бидат досадни и многу предвидливи, беж парчињата се разиграни со белата маичка и чевлите со златен глитер. 

Во однос на додатоците, комбинациите се неограничени. Ланче, обетки, поинаков колан, па дури и шапка одлично ќе ја надополнат комбинацијата. Сепак, внимавајте. Во овој случај, бидејќи фустанот е дезениран и се употребени уште неколку парчиња во беж боја, помалку е повеќе. 

Со вакви парчиња, се што треба да направите е да ја пуштите вашата имагинација и да уживате во правењето нови и секој пат, уште поинтересни комбинации. 











Today I'm wearing:

Mango trench
Mango dress
Levis T-shirt
Marwell by Caci Pakovska boots
Parfois bag
Mango belt
Parfois earrings 

Photography: Kosta Stamatovski
Styling: MissUrbanVibe
Make up: MAC Cosmetics Skopje
Hair: Studio Pretty Woman

Look at Vibe to look Your best
Love, 
E

Friday, April 19, 2019

BACKWARD TRENCH STORIES









Photography: Kosta Stamatovski
Styling: MissUrbanVibe
Make up: MAC Cosmetics Skopje
Location: Museum of Contemporary Art in Skopje (Exhibition by Jane Calovski and Hristina Ivanoska: Epilogue- Form of an argument)

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Tuesday, April 9, 2019

NAKIT ZA KOSA. NAJGOLEMIOT PROLETEN TREND


Украсите за коса се еден од најголемите трендови што ќе ја одбележат пролетната сезона. Минатата година се појавија волуменозните шноли на косите на трендсетерките на модните недели ширум светот, а потоа на ред дојдоа панделките од сатен кои го освоија срцето и на дел од светските модни брендови на чело со Шанел. Најинтересно е тоа што додатоците, како многу шноли одеднаш комбинирани на коса, станаа ултрапопуларни и кај street style хероините, а претходно тие беа додатоци резервирани за по дома, додека чистите, перете, миете и спас за фризура после напорен работен ден. Епа дојде време за нови креативни идеи и стилови со старите добри додатоци. Оваа пролет дефинитивно треба да посветите внимание на деталите.   


Во соработка со нашиот најпопуларен бренд за уникатни додатоци Ла Мартина Монро, направивме избор од најинспиративните и најмодерни парчиња на сезоната.


Модерна Снежана

Иако Снежана во цртаните филмови носи венче со панделка во црвена боја, модерните Снежани оваа сезона носат турбан венче. Еднобојно, од тантела, од плиш, со пруги, со цветови, во јаки бои, можностите се неограничени. Секако прилагодете ги принтот или бојата на вашата коса и на комбинацијата која ја носите и нема да згрешите, каков и тип да одберете. 


Сепак, трендсетерките ширум светот како парче кое ќе ја одбележи сезоната, го одбраа волуменозното венче. Што поголемо и подебело, толку помодерно. Уште и ако е нанижено со бисери, сте погодиле два тренда, со еден додаток.



Време е да се врзеш 

Да, оваа пролет време да врзете панделка во косата. Сетете се на Брижит Бардо или Гвен Стефани кои гордо носеа панделки во косата. Едната во вид на марама врзана на главата, а другата со венчиња со волуменозни панделки. Овој тренд не само што е шик, туку и на секоја модна комбинација и дава стилски печат. Но сепак, оваа сезона преовладуваат шноли украсени со сатенски панделки. Нив можете да ги носите се секоја пригода, за на кафе, преку ден, за вечерни излегувања и за на работа. 


На вас останува да го пронајдете вистинскиот начин на кој би ги носеле. Дали на полусобрана или целосно собрана коса или прикачена на реп фатен во долниот дел на главата. Можностите се безбројни.

Пепе ги сака бисерите и бисерите го сакаат Пепе

Оваа сезона бисерите преовладуваат во модната индустрија. Што на облеката, што на додатоците. Сепак, првата помисла кога станува збор за бисери секако асоцира на накит и додатоци за во коса. Овие шноли се одлични за да ја разиграте секоја досадна модна комбинација и сигурно ќе ви се најдат во време кога нема да имате никаква идеја што да правите со косата, а ќе сакате да пробате нешто ново и интересно. Не бараат којзнае каков труд, облеката треба да е сведена на едноставни комбинации, а нагласокот, секако на косата и шнолите. Што поголеми, тоа подобро и повпечатливо. Во секој случај, инвестирајте во вакви шноли кои ќе ја заокружат целата ваша модна комбинација.


Повеќе е помалку

Во буквална смисла на зборовите. Што повеќе раскошни шноли во косата, тоа подобро и помодерно. Без разлика дали ќе се одлучите за тенки или пак за шноли со цветови, принтови, бисери или некаква порака (текст)оваа сезона се носат сите. Најдете ја приликата и испробајте го овој тренд. Секако највпечатливи се кога ги носите со пуштена коса, меѓутоа одлично стојат и со пунџа или собрана коса во реп.


Ако многу шноли ви изгледаат пренатрупано, секогаш може да го земете примерот на Гвинет Палтроу како филмската хероина Маргот Тененбаум, чијшто заштитен знак беше метална шнола закачена на страна на пуштена кратка коса.


Секој од вас треба да ја пушти имагинацијата да проработи и да го пронајде својот омилен моден додаток. Ако ви е тешко да одберете секогаш постои опцијата да ги пробате сите понудени трендови. А во случај да ви треба инспирација за тоа како да ги носите, нашата галерија е тука за доза модна инспирација. 

И не заборавајте дека овие додатоци секогаш најдобро одговараат со убаво средена и негувана коса. Ова посебно важи за блондинки како мене. Јас имав среќа мојата коса да ја средат и за неа да се грижат вистински професионалци како тимот на Schwarzkopf Proffesional Makedonija. Искуството од соработката со нив и користењето на производите а коса Blonde Me, ќе може да ги прочитате наскоро во нов пост.   



Accessories: La Martina Monroe
Photography: Kosta Stamatovski
Hair done by: Schwarzkopf Professional Macedonia

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Wednesday, April 3, 2019

MEET THE BRAND: CHIC UTILITY


Во рамките на овогодинешниот Моден викенд Скопје се одржа шоурумот Обединета мода, на кој учествуваа дваесетина модни дизајнери од повеќе држави од Југоисточна Европа. За мене, оваа новина донесе многу голема свежина на манифестацијата бидејќи имавме можност да се запознаеме со стилот и естетиката на странските модни дизајнери и брендови. Ова беше ретка прилика за сите модни вљубеници да почувствуваат малку поинакво модно доживување ао мултимедијален карактер. Иновативна употреба на впечатливи модни детали, оперирани од последните наметнати модни трендови, стилски комбинации кои се автентични и индивидуални за секој од дизајнерите на шоурумот, минимализам, авангарда, специфичен естетски сензибилитет. 


Кога првпат го добив меилот со содржината на овој шоурум, првото нешто што ми падна на памет е да направам соработка и едиторијал со дел од модните дизајнери и брендови. Нема поубаво чувство од откривањето на нова естетика и правењето на модни комбинации од брендови кои допрва ги запознавате. Во договор со организаторот, Моден викенд Скопје, решивме да направиме едиторијали со сите парчиња прикажани на шоурумот, кои ќе ми остават најмногу впечаток и ќе го привлечат моето внимание како блогер и стилист. 

Првиот бренд, ако ја иземам нашата Росица Мршиќ (која како и секогаш ме остави без зборови со нејзината последна колекција, која ќе ви ја претставиме во некој следен пост), беше брендот Chic utility од Романија. 

Нивната последна колекција насловена Fishing for compliments е содржана од спортски шик парчиња, парки, ветровки, целосни панталони, маички со асиметрични додатоци, реси, паспули и многу секојдневно-несекојдневни парчиња на облека. Силен контраст на бои, необични материјали, волуменозни пропорции и несекојдневни парчиња се токму клучните работи кои ме освоија кај овој бренд.









Од приложените парчиња на шоурумот оваа комбинација ми беше омилена. Верувам во избор на прв поглед, па затоа се одлучив токму нив и да ги вметнам во денешниот пост. Единствено ми е криво што немавме повеќе време да сликаме уште неколку комбинации кои ми го привлекоа вниманието. Ама знаете како се вели: в година повеќе. Нели?! 

Сите што сакаат да погледнат нешто повеќе за брендот Chic utility, тоа може да го направат на следниот линк: Chic Utility

Today I'm wearing:

Chic Utility Sunwaves overall 
Chic Utility jacket
Lommer bag
Stella McCartney for adidas barricade boost shoes

Photography: Kosta Stamatovski
Styling: Emilija Vuchinovska
Make up: Katerina Mircheska for MAC Cosmetics Skopje
Special thanks to Fashion Weekend Skopje for this collaboration. 

Look at Vibe to look your best
Love,
E