BLACK CO-ORDS
Секој пат кога не знаете што да облечете, слободно може да се потпрете на црни парчиња на облека. Со нив никогаш нема да згрешите. Црните парчиња се сериозни, елегантни, спортски, секси, зависно од тоа како ќе ги искомбинирате и со какви детали ќе ги дополните. И рака на срце, црната никогаш не излегува од мода.
Црните панталони се вечна класика и секогаш ми ја спасувале секоја ситуација кога не сум имала инспирација што да облечам, без разлика на пригодата. Без разлика дали се лелеави, широки, со спортска кројка, од тексас или кожни, широки или тесни, црните панталони се полн погодок. Да не спомнувам и дека црни панталони одговараат буквално со се- кошула, дуксер, џемпер, топ, тексас јакна, капут, парка, патики, штикли, чизми.
Црната блуза и црниот дуксер се парчиња кои во себе носат едноставност, но во истовреме ненадмината класична елеганција и исто така може да се комбинираат со се.
За да не играте на сигурна карта и да се чувствувате како да носите досадна црна комбинација, следете едно интересно, непишано правило. Тајната на секоја добра црна комбинација е да во неа искомбинирате барем еден елемент на изненадување. Без разлика дали тоа ќе бидат чевлите или додатоците и накитот, едно од парчињата треба да отскокнува од целата комбинација. Во мојот случај тоа беа чевлите во златна боја и шамијата со мошне интересен и шаренолик дезен. Но, не застанав тука. Решив да ги поместам границите едно ниво погоре, па ставив предимензионирани обетки во златна боја и чанта со бели шари.
Сепак, внимавајте при комбинирањето. Многу лесно може да ви излезар работите од контрола па да изгледате кич наместо шик.
Today I'm wearing:
Scotch&Soda pants and blouse
Parfois earrings and scarf
Desigual bag all thanks to Fashion & Friends
Marwell by Caci Pakovska shoes
Photography: Kosta Stamatovski
Styling: MissUrbanVibe
Make up: Katerina Mircheska for MAC Cosmetics Skopje
Hair: Studio Pretty Woman
Look at Vibe to look Your best
Love,
E
Comments
Post a Comment