Saturday, February 12, 2022

MОДАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПЕКИНГ: ТИМ КАНАДА

Атлетите во Пекинг веќе на голема врата почнаа да освојуваат златни медаљи, но уште пред да почнат игрите, еден тим го освои златото за најдобра униформа-тимот на Канада. Нивното партнерство со брендот Lululemon од Ванкувер, беше едно од најозборуваните во светот на спортот и модата. Уште со првите објавени фотографии на заедничката соработка, тимот и брендот ги освоија симпатиите на медиумите и на голем број модни сладокусци. Да бидам искрена, и јас сум дел од нив.


Униформата за отворање им се состои од целосно црвени модуларни парчиња, со принт инспириран од симболот на јаворовиот лист од националното знаме, со многу чист дизајн и целосно спортски дух. Листот не е искористен во буквална смисла, туку принтот е негов приказ под микроскоп преведен во метаморфозна состојба. Ова пак во превод значи поапстрактни, флуидни форми кои асоцираат на процесот на трансформација на листот. На униформите за отворање принтот е на внатрешната страна на јакните, поблиску до срцето на атлетите, а на униформите за затворањето мигрира на надворешната страна на јакните. 


Она што е најимпресивно е што парчињата се замислени да се носат во леери и комбинациите може да се модифицираат. Да се комбинираат или сите заедно или да се носат посебно, или да се комбинираат дел по дел. Секој атлет може да ја стилизира ун иформата како сака, на свој уникатен начин, а сепак да е дел од унифицираниот концепт на тимот. 

Меѓу најимпресивните парчиња се парката, предимензионираните елеци, дуксерите, подјакната со пердуви која се трансформира во ранец, панталоните и хеланките, предимензионираниот шал со пердуви и чизмите за кои фановите го распнаа брендот Lululemon бидејќи не беа дел од комерцијалната колекција која ја продаваат онлајн. Беа снимени илјадници тик-ток видеа, рилови на инста и куп други видео и фото материјали во знак на протест и со тагови на брендот зошто тие не се достапни и дел од колекцијата.




За изготвување на целата колекција биле потребни 18 месеци, сериозни консултации со спортистите, во смисла на дизајн, кој е инклузивен на пол и тип на тело, бидејќи сите, и мажите и жените ги носат истите парчиња. 


Затоа јакните за отворањето се трансформери. Може да се носат на многу различни начини благодарение на патентите кои ги имаат и дизајнот во парчиња. Атлетите, зависно од тоа како преферираат или од временските услови, може да ги носат кратки или долги, да ги направат во елек, да го откачат долниот дел и да го носат како шал (тука е брендингот со името на државата Канада) или да го искористат како перниче за спиење. Настрана од ова, замислете најубав филинг од пердуви од гуска, кој оддава меко чувство, но и штити од минусните температури во Пекинг. А погоре и споменав дека јакната може да се спакува и да се носи како ранец.




Хеланките се направени од четиринасочен растеглив материјал што не дозволува потење, и поради густината на ткаењето на материјалот, атлетите не мора да се грижат дека нешто од некаде ќе ѕирка и проѕирка. Дуксерите се изработени од мерино волна, за кои брендот изјави дека се како топла прегратка, која рака на срце, сите кои одат во туѓина и далеку од дома, сакаат топли прегратки во секое време. Чизмите имаат дизајн и гума на платформа како за хајк. Материјалите како и кај тимот на САД се breathable, insulated, ги инхибираат бактериите и се отпорни на вода и на ветер. 



Униформите пак за затворање на Олимпијадата се истите како оние за отворањето само во бела и крем боја со метаморфозниот принт на јаворовиот лист, инспирирани од снегулките и ангелите на небото. Одлична метафора и концепт, ако го земеме предвид фактот што оние за отворање беа во јака црвена боја, која е симбол на борбеност, а белата на чистота и смиреност.



Ако сумираме сè, парчињата се можеби многу повеќе fashion statement парчиња отколку класична тимска униформа, и затоа Канада и Lululemon заслужија да се здобијат со злато на овие ОИ. На брендот кој нема искуство во изработка на Олимписки униформи и долгогодишно партнерство со тимови, може да му позавидат и брендови како Adidas, Nike, Puma и Under Armour, бидејќи најчесто најголемиот “statement” на Олимпијадите традиционално доаѓал од нив.



Look at vibe, to look you best
Love,
E













Sunday, February 6, 2022

МОДАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПЕКИНГ

Зимските Олимписки игри во Пекинг официјално почнаа овој викенд и освен врвните спортисти кои продефилираа на свеченото отворање, многу брендови гиганти го прославија отворањето со креирање на хај-тек униформи за овие светски атлети. Многу ми е жал што не се случуваат почесто бидејќи модата на овие спортски терени е навистина на завидно ниво, а јас отсекогаш сум била фасцинирана од тимските комбинации и нивната симболика. 




Оваа година сè е во знакот на новата технологија и одржливите материјали. Овојпат модата е ставена во служба на подобрување на благосостојбата на телото на самите атлети, отпорноста на временските услови и секако во функција на подобрување на нивните перформанси. Ова првенствено се должи на условите на самата земја домаќин, каде температурата во овој период од годината надвор од терените е над 10 степени, а на терените и во вечерните часови, со минусни температури. Пекинг е првата земја во историјата на Олимписките игри каде снегот е целосно добиен по вештачки пат. 


Да се вратиме на нашата тема. Некои од вкупно 84-те тимови кои зедоа учество во Олимпијадата, ја продолжија долгогодишната соработка со светски познати брендови, а некои од нив решија да ја дадат својата доверба на нови дизајнери и ветувачки брендови. 

Ви подготвив серијал посветен на најинтересните информации поврзани со модата на Олимписките игри. И би почнала со кого друг ако не со тимот на САД, како еден од најинтересните во смисла на соработка со брендови и втор по ред тим со најмногу златни медаљи на зимските Олимписки игри. 


POLO RALPH LOREN

Polo Ralph Loren одново е модната куќа која ја осмисли униформата на тимот на САД, задржувајќи ја палетата од Американското знаме- црвената, сината и белата боја. Материјалите и парчињата се адаптирани за различни временски услови во кои е вметната нивната signature технологија. Униформата за отворање беше составена од анорак со кенгур-џебови во предниот дел, наменет за послесно сложување на додатоците како ракавици и капа, црвени хеланки за жените, односно бели панталони за мажите и црвени чизми. Брендот инкорпорираше паметна insulation технологија, која материјалите ги прави респонзивни на температурни промени. Според мене ова е втората најдобра униформа на игрите. 



Брендот на Ким Кардашиан, Skims е официјален спонзор за долна облека, lounge облека и облека за спиење на олимпијците. Ова е нејзина втора соработка со тимот, после летните Олимписки игри во Токио. 


COLUMBIA

Брендот Columbia Sportswear ги дизајнираше униформите на карлин тимот. Еден од најпознатите спортски брендови од Портланд, скоро една година соработуваше со олимпијците и параолимпијците за кои креираше јакни, дуксери, панталони и додатоци којшто се изработени од растеглив материјал кој се растегнува на сите 4 страни, отпорен на временски услови и влага, и во кој е вметната нивната патентирана omni-wick технологија. 



Помеѓу мечовите, атлетите ќе носат јакни со omni-heat infiniti и gold metalic технологија. Бојата на униформите е небесно сина со бела, кои ја претставуваат текстурата на мразот, а во дизајнот се вклучени ѕвезди и пруги, кои ја претставуваат секоја држава учесник на игрите од САД и 4 графички линии кои го претставуваат спортот и 4-те членови на тимовите.  



Во 2018 карлин тимот го освои првиот златен медал на Зимските Олимписки игри. 



KITH

Брендот Kith за сите фанови на САД тимот направи капсулна колекција од 27 парчиња меѓу кои и монтки, јакни, дуксери, џемпери, тренерки, капи, чорапи, шишиња за вода и сноуборди. Брендот ги видоизмени своите најпознати дизајни и креираше ново лого, специјално наменето за оваа соработка. Принтовите на парчињата се колоритни и во нив е вметната снежна планина како signature дизајн на колекцијата. 



SPYDER

Брендот Spyder ги здружи силите со артистот Ерик Хејз со кој заедно ги дизајнира униформите за скијачкиот тим. Колекцијата се содржи од јакни, дуксери, тренерки, маички, подоблека и додатоци од одржливи материјали. Во дизајнот се влкучени рачно отсликани форми и артистичкото лого на Хејз. Секако боите се оние од американското знаме. Интересно е тоа што брендот и артистот ја направиле оваа колекција базирана на фидбекот од олимпијците со посебен акцент на удобноста и преформансите. 


VOLCOM

Брендот Volcom ги направи униформите за сноубординг тимот. Во нивниот дизајн е вметната бело, црвено, сина во пруги нога од зајак која треба да им донесе среќа на сите атлети. Колекцијата е составена од три униформи. Првата од TDS INF принт Gore-tex јакна со панталони со термална технологија. Втората во која се вклучени Owl 3 layer Gore-tex јакна и relax fit L Gore-tex целосни панталони. Третата униформа е составена од Brighton free-style инспирирана јакна и Hotlapper панталони.  





Look at vibe to look your best
Love,
E