SOVETI I TRIKOVI OD UREDNICITE: KAKO DA SE OBLECETE AKO STE POSETITEL NA MODNA NEDELA


Секој сака да остави добар впечаток со облекувањето, но не е лесно да се состави совршената комбинација за да се постигне тоа. Ова посебно важи за комбинации кои треба да ги носите за одредени пригоди како претстојното издание на Модниот викенд Скопје. Се навикнавме секоја година меѓу присутните да гледаме сѐ повеќе неинвентивни комбинации и лошо ускладени парчиња на облека. Причината поради која што го пишувам овој пост во соработка со домашните модни уреднички и новинарки е да дадеме совет за тоа како би требало да изгледа еден соодветно облечен посетител на модна недела.


Емилија Вучиновска, блогер и новинар

Во една прилика напишав дека постои тенка линија меѓу соодветно и модерно и несоодветно облекување, па затоа би почнала со првото правило по кое се водам секојпат кога составувам одредена комбинација: излези од својата комфортна зона. Поставете си предизвик да носите нешто што никогаш не би го облекле за на работа или за на кафе со пријателките. Пуштете ја вашата имагинација да работи и не плашете се да пробате различни комбинации. Дури и оние кои на прв поглед ви се чинат невозможни.  



Внимавајте само да останете верни на својот стил, бидејќи сѐ што е со премногу напор, се приметува и изгледа вештачко. И не заборавајте, носете облека која одговара на вашата градба на телото и во согласност со вашите години. Избегнувајте мини, тесно, кроп маички, премногу натрупани комбинации, многу парчиња што отскокнуваат измешани во една комбинција. Размислувајте повеќе на едно уникатно парче кое ќе ја предводи комбинацијата и додатоци кои имаат приказна за себе.



Катерина Трајановска, уредник на Stylist 

Модерна елеганција со суптилно вметнување на актуелни трендови и иновативна употреба на впечатливи модни детали е добитна стилска комбинација скоро секогаш, но за присуство на модна ревија се бара одреден моден исчекор и смело додавање на непредвидливи елементи. За скопскиот сезнзибилитет и за посета на Моден викенд одговара уникатен спој на впечатливост и умереност кој произлегува од личниот стил, а е прилагоден на карактерот на настанот и на стиловите на дизајнерите чии ревии се посетуваат. 


Лично јас ја сакам играта со пропорции и со текстури, експериментирањето со со бои и шари, но често сум расположена за минимализам/максимализам микс на мој начин – базични парчиња комбинирани со впечатливи детали. Опција се панталони со висока половина и блузи со необичен крој, женствен фустан со рокерска кожна јакна, шизичко плисирано здолниште и уште пошизичка маица, предимензионирани палта и тренди мантили, светкави чевли и обувки со структурални потпетици, специфични накит и мали чанти. 


Преферирам мешање на некомпактибилни елементи со цел да се добие оригинален изглед, но во спонтан и ноншалантен манир, во спротивно се чувствува кога „чудното“ не поизлегува од авентичноста. Моќта е во деталите, но оставам само еден детаљ да е впечатлив. Оваа сезона на Моден викенд програмата се темели на шоурум претставувања, изложби, неколку ревии на дизајнери од различен карактер, во нов простор кој е најавен како поавангаден, и сево ова ќе го детерминира конечниот избор на стајлинг.


Ако смеам да советувам, предлагам автентичност и сензибилност над сензационализам. Изберете нешто непредвидливо, но не премногу нападно, специофично, но не свадбарско. Нека биде тоа моден спој кој се темели на светската мода, а не на регионалната естрада, да има малку од париска ноншалантност, доза на британска екцентричност, инспирација позајмена од сканднавските стилски ѕвезди, но креариран во скопски дух. Останете свои и заборавете го амбициозното редење на сите ваши омилени модни париња во една комбинација со цел да бидете што повеќе забележани. Изградениот личен стил се „чита“ на прв поглед. Во крајна линија, да, не постојат универзални правила -  сè е манифестација на сопствениот стил!


Снежана- Сани Богдановска, моден новинар

ПРВОТОТО и основно правило кое е основа на добриот стил генерално е да се почитува сопствената фигура. Без оптимално познавање на сопствените условености сето останато губи смисла, најмногу модниот експеримент. А тоа е многу  едноставно да се запази-да се замаскираат недостатоците и потенцираат убавите места. 
Пред сè модна ревија е Вашата шанса да се издвоите и да го покажете вашиот личен стил. Единствено место каде може да се покаже сета модна храброст, инвентивност и слободноумност. Можност за експериментирање и визионерски идеи. Но тоа треба да е производ на индивидуална мисла и многу добро естетско чувство а не обид да се ископира некаков туѓ храбар обид што е веднаш читливо и покажува модна инфантилност.


Највисок степен на прикладност како гостин кој го треба да го испочитува домаќинот, пред сè е да се поведе кон тематиката на модниот настан. Во најлош случај е дрско да се појавите во сосем спротивен стил од стилот во кој што твори дизајнерот. Најпожелно е да се носи нешто од арсеналот на дизајнерот или во таква неможност нешто што одговара на тој дизајнерски израз. Ако не постои такава можност тогаш неутралното во сопствен стил е најприфатлива варијанта.


Неколку пластични упатства:

На модна ревија НИКОГАШ не се носи вечерен свечен фустан, дури ни кога дизајнерот прикажува таков тип на дизајни (патем ниту на спектакуларните ревии на висока мода никој не се појавува така).

На моден настан не се носи голема чанта.

На моден настан не се доаѓа како за на работа, за во парк или за во кафуле, но исто така не и како за на свадба или матура.


Марија Крстова, уредник на Fashionel 

Секогаш кога е Моден викенд Скопје во прашање, убаво е доколку имате можност да ги испочитувате домашните дизајнери и за оваа прилика да одберете парче од македонски дизајнер.На покана на Емилија за нејзиниот моден блог „Urban vibe by Miss E“, комбинирав предлог стајлинг за претстојнот Моден викенд, што вклучува спој на романтична и урбана естетика.Одбрав женствен фустан на прерамки во нежно розова боја од македонскиот моден бренд Елена Лука и го споив со безвременската џинс јакна. 


Деталите секогаш имаат клучно влијание во потенцирањето на индивидуалноста, а истовремено и во комплетирањето на целосниот изглед, па затоа одучив во овој аутфит, половината да биде нагласена со тенко црно ременче. Изгледот е финиширан со елегантни црни сандали со ременче околу глуждот.


Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments

Popular Posts