IDEI ZA NOVOGODISHNI PODAROCI (VO SORABOTKA SO CARPISA)


Зимата веќе на големо ни тропна на врата, во воздухот веќе се чувствува предновогодишната еуфорија. Градот и продавниците во трговските центри се накитени и со празнична програма. Вие заглавени со маката каде да ја прославите новата година и немате многу време да барате подароци за вашите најблиски и пријателите. Затоа ние ви составивме интересна листа на подароци заедно со нашите пријатели од брендот Carpisa. И да бидеме искрени, изборот не беше лесен, бидејќи ни се допадна целиот асортиман. Сепак, моравме да го направиме изборот, со кој веруваме дека ќе ве инспирираме што да им подарите на најблиските.



Чанта

За неа

Чантата е еден од најуниверзалните подароци кои може да ги подарите. Не ви треба многу предзнаење за да го одберете моделот, само треба да ја имате предвид пригодата за која би ја носела личноста на која ќе ја подарите. Доколку е за на работа, одберете поголема чанта во која собира лаптоп, документи и други разни деловни работи. Ако пригодата е свечена, имајте на ум да одберете чанта со невообичаена форма или впечатлива боја. За секојдневнo кафе муабетење, одберете мала чанта во која ќе ги собере само неопходните лични работи. Бидејќи црвената се поистоветува со Нова година и Божиќ изборот на чанта во црвена боја дополнително ќе го подигне празничниот дух.




За него

За мажите изборот е поедноставен бидејќи тие не прават комплицирани модни комбинации како припадничките на понежниот пол. Доколку пригодата е за на работа, може да одберете чанта за лаптоп во која ќе може да се сместат и личните работи или пак одберете помала чанта
која ќе ја надополни секоја бизнис комбинација. Доколку станува збор за спортски тип, може да подарите ранец како кул моден додаток на секоја спортска комбинација. 



Модни додатоци

За него

Стилски модни додатоци се одличен избор за сите модни сладокусци. Во предвид доаѓаат шалови, капи, портмоне, каиш, ракавици. При одбирањето на шал или каиш водете се по едно правило, каков е стилот на личноста на која и го подарувате. А доколку не сте сигурни, со обичните класични модели никогаш нема да згрешите. Оние впечатливите и со разиграни дезени и бои се резервирани за мажи во чијшто стил се вклопуваат. Портмонето е многу полесно да го одберете. Ако е спортски тип одберете покежуал портмоне, а доколку е посериозен, одберете класичен модел од кожа, но со впечатлив детаљ.



За неа

Кога бирате портмоне за жени или бирајте во слична или сродна боја на некоја од чантите кои веќе ги поседува или бирајте портмоне во јака боја, кое ќе биде впечатливо секојпат кога ќе го извади од чанта. Најубавото кај овие додатоци е тоа што се носат секој ден, па на тој начин ќе бидат потсетник дека вие сте им ги подариле во времето додека ги носат.
Доколку бирате шал за женска личност имајте на ум каква боја на палто носи за да може да направите убаво и стилско комбо.



Совет плус

Доколку не сте сигурни што да одберете секогаш може да се обратите за совет на продавачите во продавницата. Тие најдобро ги познаваат производите и сигурно нивните информации ќе ви бидат од корист при изборот.  



Овој пост е во соработка со групацијата Magnetik. Сите производи се достапни во продавниците на Carpisa во Рамстор и Скопје Сити Мол. 

Благодарност до Dogtash Exclusive Macedonia за прекрасната сценографија искористена на овие фотографии.  

Облека: Yamamay
Фотографија: Коста Стаматовски
Шминка: MAC Skopje

ПРАВИЛА НА ИГРА ЗА GOCARPISA НЕСЕСЕР ЗА ПАТУВАЊЕ

1. Like на фан страната на Magnetik
2. Like на фан страната на MissUrbanVibe
3. Тагнете во коментар под постот за наградата три пријателки или пријатели со кои сакате да ги поминете новогодишните празници. 

Играта ја спроведуваме само на Facebook и правилата важат само за оваа социјална мрежа. Среќниот  читател ќе го избереме по случаен избор, во недела, 23 декември во 12 часот. Среќно на сите!

*Во игра влегуваат само учесниците кои ги исполнуваат сите три горенаведени услови. 

Look at Vibe to look your best
Love,
E

Comments

Post a Comment