IDEI ZA NOVOGODISHNI PODAROCI (VO SORABOTKA SO ELIKSIR)


Крајно време е да ја составите листата на подароци за вашите најблиски и да ги набавите работите кои би им ги подариле. За да не лутате бесцелно и да губите непотребно време разгледувајќи по продавниците и трговските центри, нашата блогерка Емилија ја заврши потешката работа и ви состави листа на интересни подароци со кои ќе ги изненадите и развеселите најблиските и пријателите во овие празнични денови. Инспирацијата за новогодишното дарување овојпат ја пронајдовме во производите на Елискир, каде има за секого по нешто, па дури и за оние најпребирливите.


Парфем


Иако повеќето не го покажуваат тоа, мажите многу сакаат миризливи козметички производи и секогаш се радуваат на добар парфем. Ова е подарок кој никогаш не излегува од мода и е одличен избор не само за мажите, туку и за жените, бидејќи вие сте оние кои го одбрале овој подарок и со секое негово нанесување, мирисот ќе ги асоцира на вас.

Совет плус: наместо да ги наговарате вашите најблиски да купат одреден парфем, сторете го тоа вие и подарете им го. Така, на обострано задоволство, ќе му дадат прилика на нов парфем кој можеби во поинакви услови и не би го ни забележале.



Козметика


Козметичките производи се секогаш добар избор, посебно ако станува збор за раскошни креми за лице од квалитетни брендови. За него, направете избор од сет козметички производи за секојдневна нега на лице. Крем за лице, крем за раце, крем за после бричење, гел за чистење на лице, сапун за тело, млеко за тело, изборот е голем, на вас е да одлучите што ќе вклучува сетот.

Доколку се двоумите и не можете да се одлучите, производителите на козметика веќе се чекор пред вас и имаат одлична понуда на брендирани сетови од козметика, со производи кои се надополнуваат еден со друг.



За неа, одберете практичен подарок како луксузна козметика. Нема ништо поубаво од тинтрање и опуштање со различни козметички производи по празничното лудило. Применете го истото правило како и за мажите, доколку не знаете кои производи да ги искомбинирате, одберете козметички сетови, кои секогаш се спакувани во прекрасни чантулиња, несесери или украсни кутии.




Шминки

Ниеден подарок не вели среќни празници како сет шминки кои ќе траат до следниот декември. Подарок кој е практичен исто толку колку што е шик. Рака на срце, ниедна жена никогаш нема да признае дека има доволно шминки во чантата.
Ако не сакате вие да го правите изборот од поединечни шминки, купете сет. Посебно се практични оние сетови кои може вашите избранички да ги носат и на патување.




Овој пост е во соработка со Еликсир и сите производи можете да ги најдете во нивните парфимерии или на веб шопот на Еликсир. Не заборавајте дека онлајн нарачките ви се доставуваат бесплатно до адреса. 

Фотографија: Коста Стаматовски

Благодарност до Dogtash Exclusive Makedonija за прекрасната сценографија искористена во овој пост. 

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments

Popular Posts