IDEI ZA NOVOGODISHNI PODAROCI (VO SORABOTKA SO YAMAMAY)


Подароците најчесто ги бираме по претпоставка дека личностите за кои се наменети ќе ги прифатат по нивното отворање, додека на личностите за кои е наменет подарокот најчесто им е важно колку подарокот им е практичен и ќе им користи. За да ги споите практичното со убавото, за вас подготвивме интересна листа на можеби клише подароци, но сепак функционални и потребни во секојдневието на оние за кои се наменети.   


Пижами

Без разлика дали овој подарок е за него или за неа, пижамите спаѓаат во парчиња на облека во која го поминуваме поголемиот дел од денот и ноќта, па затоа тие првенствено треба да се удобни, изработени од убав материјал и пријатни за носење. Бидејќи е Нова година секогаш најзабавни се оние со новогодишни мотиви и дезени, како овие кои ги најдовме во Yamamay.


Сепак имајте на ум дека не сите, посебно мажите, сакаат пижами со новогодишни мотиви и дезени, па затоа ако не сте сигурни, подобро е нив да подарите покласична верзија на пижами. Ако станува збор за шминкерки и трендсетерки, одберете откачени пижами, како овие кои ги носи нашата блогерка Емилија во постот: целосни ќебе пижами со капа во пингвин стил. На оваа слика додадете шоља чај и колачи и вашите најблиски ќе уживаат во магијата на празниците.  




Топлинки

Како дополнување на подарокот пижами, секогаш на ум ни се топлинки за дома. Ако ги подарувате во комбинација со пижамите, тогаш одберете во ист или сличен стил, боја, дезен. На ум имајте тие да се надополнуваат со облеката за спиење. Доколку подарувате само топлинки, одберете модел кој ќе се издвојува од претходните модели кои ги поседува личноста на која и ги подарувате. Кај жените секогаш најпопуларни се топлинки чизми, кои ги има во најразновидни бои и со новогодишни и зимски дезени.



Ќебе

Одличен подарок за сите зиморливи личности кои сакаат да се туткаат во ќебе и така да го поминуваат своето слободно време дома. Секако карираниот дезен е најпогоден за новогодишните празници. Релаксирањето во стил е секогаш поубаво, нели?



Долна облека

Без разлика дали станува збор за неа или за него, одберете долна облека која ќе остави вау ефект кај личноста за која е наменет подарокот. Размислувајте црвено, карирано, црно, тантела, со интересни дезени, ѕвезди, светки...


Шик облека за дома

На вашите најблиски внесете им шик и трендовски парчиња во облеката за дома. За неа, кошула-фустан со тартан принт, блузон-ќебе со зимски мотиви, за него пижами-тренерки во ски или милитари стил, блузон со ирвас... изборот е голем, на вам е да одлучите кој стил и кое парче да го подарите.



Овој пост е во соработка со групацијата Magnetik. Сите производи од овој пост се достапни во продавниците на Yamamay во Рамстор и Скопје сити мол. 


Фотографија: Коста Стаматовски
Шминка: Мина Божиновска (MAC Skopje)
Благодарност до Dogtash Exclusivve Makedonija за прекрасната сценографија искористена во овој пост.

ПРАВИЛА НА ИГРА ЗА YAMAMAY НОВОГОДИШНИ ЧОРАПИ СО ИРВАСИ

1. Like на фан страната на Magnetik2. Like на фан страната на MissUrbanVibe3. Тагнете во коментар под постот за наградата три пријателки или пријатели со кои сакате да ги поминете новогодишните празници. 

Играта ја спроведуваме само на Facebook и правилата важат само за оваа социјална мрежа. Среќниот  читател ќе го избереме по случаен избор, во среда, 26 декември во 12 часот. Среќно на сите!

*Во игра влегуваат само учесниците кои ги исполнуваат сите три горенаведени услови. 

Look at vibe to look Your best
Love,

Comments

Popular Posts