Wednesday, December 19, 2018

IDEI ZA NOVOGODISHNI PODAROCI (VO SORABOTKA SO AVON MAKEDONIJA)


На прагот сме на новогодишните и божиќните празници. Веруваме дека повеќето од вас се исто толку зафатени од празничната треска, како и ние. Секоја празнична сезона е вистински предизвик каков подарок да им се одбере на семејството и на пријателите. Оваа година, со помош на нашите драги соработници на блогот направивме листа на производи со кои ќе ви го олесниме изборот и ќе ве инспирираме што да им подарите на вашите најблиски. Првиот од серијата постови го направивме со козметичката компанија Авон.  


Шминки

Ниедна жена нема да остане рамнодушна на луксузен сет од шминки. Можете да го направите сетот од омилените производи на личноста на која го подарувате. Нашата препорака е овој сет од линијата Luxe на Авон кој содржи: 2 во 1 течна пудра која ја подобрува состојбата на кожата и крем што делува против брчки, сенки за очи кои имаат специјално декоративно пакување, маскара за волумен и кармин.


Козметика

Козметички производи за нега на кожата во зимскиот период се исто така на врвот на нашата листа на омилени подароци за дарување. За девојките кои посветуваат многу внимание на нега на косата, го препорачуваме серумот за коса со арганово и кокосово масло кои ја хидрираат и регенерираат косата. Серумот би го комбинирале со крем за лице со кокосово масло, кое освен што ја потхранува кожата на лицето, одличен е и како подлога за шминкање. 


Како трет производ би го предложиле пенливиот гел за туширање со слива и ванила, кој е спакуван во многу симпатично пакување со поларно мече, соодветно за овој празничен период од годината. 


Парфем (за него и за неа)

Кога се мажите во прашање, навистина е тешко да одберете подарок за нив. Сепак, парфемот е еден од подароците со кои нема да згрешите ако го подарите, а и секој маж би се израдувал на добар парфем. Ова е подарок кој никогаш не излегува од мода. Новиот Авон Life Colour од Кензо Такада е совршен подарок, бидејќи освен што мириса фантастично, мирисните ноти се создадени да влеваат енергија од утро до вечер кај оној кој го носи.



Женската верзија на Life Colour од Кензо Такада е исто така совршен подарок за вашата поубава половина. Главните ноти на круша и магнолија ќе го задоволат вкусот и на најпребирливите дами.   


Полнач во форма на кармин

Идеален подарок за сите припаднички на понежниот пол кои сакаат технологија и за оние кои многу често прават селфиња, коментираат на фејсбук и ја трошат батеријата на телефонот за неколку часа. Сигурни сме дека ќе го освоите нивното срце со креативниот дизајн на овој преносен полнач.    


Овој пост е во соработка со Авон Македонија, а сите производи можете да ги нарачате и најдете во најновата брошура од кампања 17/2018 на Авон. 


Производи:
Пенлив гел за бањање и туширање со слива и ванила 4390 1
Обновувачки крем за лице со кокосово масло 3419 9
Тоалетна вода Avon Life Colour за него 4412 3
Парфем Avon Life Colour за неа 2514 8
Преносен полнач во форма на кармин 3266 4
Хидрантен серум за коса со арганово и кокосово масло 2478 6
Течна пудра против стареење Luxe Age Transforming 0469 7
Маскара за поголем волумен Luxe Volume Extravagance
Сенки за очи Luxe Dark Nights 2675 7
Кремест кармин Luxe Tailored Wine 2807 6 

Фотографија: Коста Стаматовски
Локација: салон за мебел Dogtash exclusive 

ПРАВИЛА НА ИГРА ЗА ЛОСИОН MISSION

1. Like на фан страната на Avon Macedonia
2. Like на фан страната на MissUrbanVibe
3. Share на постот за дарувањето 
4. Тагнете во коментар под постот за наградата две пријателки со кои сакате да ги поминете новогодишните празници. 

Играта ја спроведуваме само на Facebook и правилата важат само за оваа социјална мрежа. Среќната добитничка ќе ја избереме по случаен избор, во петок, 21 декември во 15 часот. Среќно на сите!

*Во игра влегуваат само учесниците кои ги исполнуваат сите четири горенаведени услови. 

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

1 comment: