ENERGICNI KREACII VO PROLETNITE KOLEKCII NA FASHION&FRIENDS


Новите пролетни колекции на Desigual, Guess, Replay, Diesel, Maison & scotch, Superdry беа презентирани на кафе- промоција во продажниот салон на Fashion & friends во Сити мол. Надополнета со мала симпатична ревија која се одвиваше во мулти бренд продавницата, моделите ни презентираа разнобојни, динамични, разиграни и енергични креации. 
Инспирацијата за парчињата на облека кои ги красат полиците на продавницата доаѓа од далечни места чијашто асоцијација се летните денови исполнети со многу сонце и ноќите со луди забави. За да биде уште понитересен настанот, организаторите од Fashion group на сите присутни, новинари, модни уредници и блогери ни дадоа мала задача: картички со нашите имиња со кои секој од нас си ги означи трите фаворити (читај парчиња) од новите колекции на брендовите. 

Погледнете го изборот на Емилија и дел од атмосферата на промоцијата.   



Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments

Popular Posts