ПРОЛЕТНИ ТРЕНДОВИ: ЦВЕТЕН МИДИ ФУСТАН И ШИК МАНТИЛ

 

Длабоко навлеговме во првите денови кога можеме да ги соблечеме сите купишта слоеви на облека и конечно да се фокусираме на пролетната гардероба. Зимските капути и јакни да ги замениме со мантил и да и се израдуваме на пролетта. Расположението ни е на ниво, деновите се посончеви и надвор можеме да го прибереме секој зрак за неопходната доза на серотонин.  

А нема поубав предвесник на пролетта од миди фустан со цветен принт и мантил, комбо со кое ги прославуваме топлите денови кои ни следат. 



Интересно е тоа што секоја девојка поседува некој цветен фустан, кој не нужно мора да е од порлетната сезона. Цветниот принт се задржува во колекциите и преку текот на целата година и во поладната сезона. Но, како доаѓаат потопли денови, нашите модни размисли гравитираат околу овие парчиња на облека. А и навистина нема поубаво чувство од тоа да на себе носите едно единствено парче, кое ќе биде во фокусот, и да го искомбинирате со шик додатоци и палто, а сепак да не сте наоблечени. 

А чувството на транзиција од чизми во чевли или удобни патики е навистина бесценето. 



Да се вратиме на фустанот. Секојпат кога помислувам на цветен фустан, инспирацијата ја црпам од шкафот на Французинките, на кои ова им е задолжително парче а секоја транзиција во нова сезона. На есен ги носат со чизми до глужд, а на пролет со мокасини, еспадрили или ако сакаат поголема доза на женственост со високи потпетици. Од поново време еве и со патики. Должината е миди и одговара за секоја пригода, без разлика дали ќе се подготвите за на работа или за на кафе со пријателките. Не за џабе за Французинките, ова парче облека е најсестрано за комбинирање. 

Кројката пак ја следи или линијата на телото или има А-линија во долниот дел. Половината е нагласена, а во долниот дел ноншалантно лелеава. 




Во многу наврати сум напишала дека мантилот е најшик парче кое може да го имате во вашиот шкаф. Едно од ретките парчиња кое во женската мода е превземено од машката, бидејќи некогаш било дел од војничката униформа, а од година в година не се симнува од листата на трендови. Ако се прашувате во кое парче да инвестирате најмногу, тогаш без размислување секој моден сладокусец ќе ви каже: мантил. 



Без разлика дали ќе се одлучите за класичен крој во беж, кафена или окер боја, или ќе одберете мантил со впечатлив крој во жолта, црвена или минт зелена боја, на секоја комбинација ќе и дадете посебна нота. Оваа сезона во мода е индивидуалноста, па затоа каков крој и да одберете нема да згрешите. Настрана од тоа, мантилот е многу благодарно парче за комбинирање. Оди буквално со се’ и згора на тоа му прилега на секое тело.




Фустан Mango (тука)
Мантил Mango (тука)
Колан Mango (тука)
Чанта Parfois (тука)
Обетки Parfois (тука)
Очила за сонце Parfois (тука)

Овој пост е во соработка со Fashion Group Makedonija. 

Look at vibe, to look your best
Love,
E

Comments