ОВАА ПРОЛЕТ НОСИМЕ МОНОХРОМАТСКИ КОМБИНАЦИИ


Синоним за пролет ми се секогаш светли и комбинации во различна боја. Цветни мотиви и многу шаренило. Но сепак, монохроматските комбинации отсекогаш ми давале поисполиран, шик и ептен кул изглед. Ваквите комбинации на облека не би ги нарекла, ниту би ги вцврстила во трендовски, бидејќи тие се вонвременски, и се се, само не обични. Ова посебно важи за црно-бели монохроматски парчиња. Пристапот кон црно-белите парчиња е многу графички, но во истовреме разигран, смел и никој нема да остане рамнодушен доколку правилно ги искомбинирате. Згора на тоа, може да направат да изгледате повисоки и потенки додека ги носите. 

Постојат неколку „правила“ кои треба да ги следите за да привлечете внимание со монохроматска комбинација. 



Помалку е повеќе. 


Главна девиза која треба да ве води кога ја правите комбинацијата. Доколку одберете едно монохроматско парче, задржете се на него и тоа ќе ви биде парчето кое што осткокнува. Овој фустан од Манго, кој го носам на фотографиите, ја следи силуетата на телото, а во долниот дел има А-кројка. Многу е женствен, ја истакнува мојата половина, има колан во црна боја и шлиц на предниот дел, кој му додава доза на сексапил. Бидејќи фустанот е како скроен по мерка, нема потреба да додавам други парчиња на облека, под или врз него, за да ја истакнам мојата силуета. Затоа кога одбирате монохроматски парчиња, одберете покласични и вонвременски кројки кои ви стојат како скроени по мерка.  




Доколу сакате малку да го разиграте фустанот, ставете друг колан, или тенок џемпер во црна боја под него, доколку го носите на работа, за да не ви бидат голи рацете. 

Ако сакате да го носите на некој настан додадете минималистички накит и чевли со отворени прсти на висока потпетица. Но во овој случај хулахопките задолжително да се црни. 



Додатоците ја красат класичната комбинација


Црно-белите парчиња се стилски со внесување на минимален труд. Но, за да додадете поавантуристички и поексклузивен изглед, додадете една, втора боја кај додатоците. Без разлика дали тоа ќе бидат чевли, чанта или накит, одлучете се само за едно парче. Во мојот случај, тоа беше црвената алка, која го прати дизајнот и златниот подтон на ланчето кое го носа.  

Но, нема да погрешите и доколку се одлучите сите да се во црна или бела боја и да задржите минималистички изглед. 




Не заборавајте на шик мантил 


Мантилот заслужено си го доби статусот на култно парче. За мене, тој е тајното оружје за гламурозен изглед и парче кое знае да ја оплемени и најдосадната комбинација. Без разлика дали ќе го употребите самостојно, врз фустан или ќе додадете уште некој слој на облека под него, мантилот е најшик парче во кое може да инвестирате во било која сезона. Овој кој го носам на фотографиите, ме потсетува на најубавите street style парчиња од Париз, Рим и Лондон. 

Има големи ревери, кројка во глок во долниот дел, што му дава побогат изглед и шлиц во задниот долен дел, кој е покриен со копчиња. Бојата му е крем, исто како додатоците кои ги носам, и одлично ја надополнува монохроматската комбинација.  




Сите парчиња се достапни на онлајн продавницата на Fashion Group.
Фустан Mango тука
Мантил Mango тука
Чанта Parfois тука
Додатоци Parfois тука и тука

Look at vibe, to look your best
Love,
E

Comments