MОДАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПЕКИНГ: ТИМ КАНАДА
Она што е најимпресивно е што парчињата се замислени да се носат во леери и комбинациите може да се модифицираат. Да се комбинираат или сите заедно или да се носат посебно, или да се комбинираат дел по дел. Секој атлет може да ја стилизира ун иформата како сака, на свој уникатен начин, а сепак да е дел од унифицираниот концепт на тимот.
Меѓу најимпресивните парчиња се парката, предимензионираните елеци, дуксерите, подјакната со пердуви која се трансформира во ранец, панталоните и хеланките, предимензионираниот шал со пердуви и чизмите за кои фановите го распнаа брендот Lululemon бидејќи не беа дел од комерцијалната колекција која ја продаваат онлајн. Беа снимени илјадници тик-ток видеа, рилови на инста и куп други видео и фото материјали во знак на протест и со тагови на брендот зошто тие не се достапни и дел од колекцијата.
За изготвување на целата колекција биле потребни 18 месеци, сериозни консултации со спортистите, во смисла на дизајн, кој е инклузивен на пол и тип на тело, бидејќи сите, и мажите и жените ги носат истите парчиња.
Затоа јакните за отворањето се трансформери. Може да се носат на многу различни начини благодарение на патентите кои ги имаат и дизајнот во парчиња. Атлетите, зависно од тоа како преферираат или од временските услови, може да ги носат кратки или долги, да ги направат во елек, да го откачат долниот дел и да го носат како шал (тука е брендингот со името на државата Канада) или да го искористат како перниче за спиење. Настрана од ова, замислете најубав филинг од пердуви од гуска, кој оддава меко чувство, но и штити од минусните температури во Пекинг. А погоре и споменав дека јакната може да се спакува и да се носи како ранец.
Ако сумираме сè, парчињата се можеби многу повеќе fashion statement парчиња отколку класична тимска униформа, и затоа Канада и Lululemon заслужија да се здобијат со злато на овие ОИ. На брендот кој нема искуство во изработка на Олимписки униформи и долгогодишно партнерство со тимови, може да му позавидат и брендови како Adidas, Nike, Puma и Under Armour, бидејќи најчесто најголемиот “statement” на Олимпијадите традиционално доаѓал од нив.
Look at vibe, to look you best
Comments
Post a Comment