МОДАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПЕКИНГ

Зимските Олимписки игри во Пекинг официјално почнаа овој викенд и освен врвните спортисти кои продефилираа на свеченото отворање, многу брендови гиганти го прославија отворањето со креирање на хај-тек униформи за овие светски атлети. Многу ми е жал што не се случуваат почесто бидејќи модата на овие спортски терени е навистина на завидно ниво, а јас отсекогаш сум била фасцинирана од тимските комбинации и нивната симболика. 




Оваа година сè е во знакот на новата технологија и одржливите материјали. Овојпат модата е ставена во служба на подобрување на благосостојбата на телото на самите атлети, отпорноста на временските услови и секако во функција на подобрување на нивните перформанси. Ова првенствено се должи на условите на самата земја домаќин, каде температурата во овој период од годината надвор од терените е над 10 степени, а на терените и во вечерните часови, со минусни температури. Пекинг е првата земја во историјата на Олимписките игри каде снегот е целосно добиен по вештачки пат. 


Да се вратиме на нашата тема. Некои од вкупно 84-те тимови кои зедоа учество во Олимпијадата, ја продолжија долгогодишната соработка со светски познати брендови, а некои од нив решија да ја дадат својата доверба на нови дизајнери и ветувачки брендови. 

Ви подготвив серијал посветен на најинтересните информации поврзани со модата на Олимписките игри. И би почнала со кого друг ако не со тимот на САД, како еден од најинтересните во смисла на соработка со брендови и втор по ред тим со најмногу златни медаљи на зимските Олимписки игри. 


POLO RALPH LOREN

Polo Ralph Loren одново е модната куќа која ја осмисли униформата на тимот на САД, задржувајќи ја палетата од Американското знаме- црвената, сината и белата боја. Материјалите и парчињата се адаптирани за различни временски услови во кои е вметната нивната signature технологија. Униформата за отворање беше составена од анорак со кенгур-џебови во предниот дел, наменет за послесно сложување на додатоците како ракавици и капа, црвени хеланки за жените, односно бели панталони за мажите и црвени чизми. Брендот инкорпорираше паметна insulation технологија, која материјалите ги прави респонзивни на температурни промени. Според мене ова е втората најдобра униформа на игрите. 



Брендот на Ким Кардашиан, Skims е официјален спонзор за долна облека, lounge облека и облека за спиење на олимпијците. Ова е нејзина втора соработка со тимот, после летните Олимписки игри во Токио. 


COLUMBIA

Брендот Columbia Sportswear ги дизајнираше униформите на карлин тимот. Еден од најпознатите спортски брендови од Портланд, скоро една година соработуваше со олимпијците и параолимпијците за кои креираше јакни, дуксери, панталони и додатоци којшто се изработени од растеглив материјал кој се растегнува на сите 4 страни, отпорен на временски услови и влага, и во кој е вметната нивната патентирана omni-wick технологија. 



Помеѓу мечовите, атлетите ќе носат јакни со omni-heat infiniti и gold metalic технологија. Бојата на униформите е небесно сина со бела, кои ја претставуваат текстурата на мразот, а во дизајнот се вклучени ѕвезди и пруги, кои ја претставуваат секоја држава учесник на игрите од САД и 4 графички линии кои го претставуваат спортот и 4-те членови на тимовите.  



Во 2018 карлин тимот го освои првиот златен медал на Зимските Олимписки игри. 



KITH

Брендот Kith за сите фанови на САД тимот направи капсулна колекција од 27 парчиња меѓу кои и монтки, јакни, дуксери, џемпери, тренерки, капи, чорапи, шишиња за вода и сноуборди. Брендот ги видоизмени своите најпознати дизајни и креираше ново лого, специјално наменето за оваа соработка. Принтовите на парчињата се колоритни и во нив е вметната снежна планина како signature дизајн на колекцијата. 



SPYDER

Брендот Spyder ги здружи силите со артистот Ерик Хејз со кој заедно ги дизајнира униформите за скијачкиот тим. Колекцијата се содржи од јакни, дуксери, тренерки, маички, подоблека и додатоци од одржливи материјали. Во дизајнот се влкучени рачно отсликани форми и артистичкото лого на Хејз. Секако боите се оние од американското знаме. Интересно е тоа што брендот и артистот ја направиле оваа колекција базирана на фидбекот од олимпијците со посебен акцент на удобноста и преформансите. 


VOLCOM

Брендот Volcom ги направи униформите за сноубординг тимот. Во нивниот дизајн е вметната бело, црвено, сина во пруги нога од зајак која треба да им донесе среќа на сите атлети. Колекцијата е составена од три униформи. Првата од TDS INF принт Gore-tex јакна со панталони со термална технологија. Втората во која се вклучени Owl 3 layer Gore-tex јакна и relax fit L Gore-tex целосни панталони. Третата униформа е составена од Brighton free-style инспирирана јакна и Hotlapper панталони.  





Look at vibe to look your best
Love,
E

   
 

Comments

Popular Posts