СОВЕТИ ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ ОД ДОМА



Првата тема која ќе ја обработуваме денес е како да работите од дома, а да не ја изгубите концентрацијата и мотивацијата. Не можам да кажам дека сум експерт на оваа тема, но секако како некој кој веќе 6 години (седмата веќе е на прагот) го работи блогот активно, од кои три без да има дополнителна работа, имам создадено рутина и неколку правила до кои се придржувам и верувам дека ќе ви помогнат во создавање на вашата работна рутина од дома. 

1. Намести си го креветот
Ова можеби на прво читање ќе ви звучи смешно или клише, но верувајте е многу важен сегмент од работниот ден во домот. И без разлика на тоа колку ви е голем домот, дали имате 100 квадрати или 40, ова правило е задолжително: денот го почнувате со местење на креветотСо чувството дека сте станале и сте го наместиле креветот, денот ви добива друг тек и ќе го сметате овој чин за првата завршена обврска во денот. Плус расфрланите чаршави по дома нема да ве повикуваат на претпладневна дремка. 


2. Облечи се
Ова е едно од најважните правила. Никогаш не работете во пижами. Па дури и да ги облечете тренерките или хеланките за вежбање, секогаш да бидете облечени во облека која не е за спиење. На крајот од денот, ќе забележите дека облеката делува психолошки на вашето расположение за работа. Ако се прашувам јас, дури би вежбала и комбинации кои подоцна, во подобри времиња од овој домашен карантин, би ги носела на работа. 



3. Воспостави рутина

Утринската рутина е најважна. Јас станувам пред шест часот па имам доволно време до седум да ги прелистам сите „новости“ на социјалните медиуми и на веб порталите со првото кафе, па потоа активно да почнам со работните обврски, кои секогаш си ги задавам како задачи пред да почнам да работам. Знаете, постојат куп одлични апликации и софтвери кои можат да ви помогнат да се организирате и таму да си ги зададете дневните или подолгорочни обврски. Една од најдобрите покрај Google Sheets и Google Drive за оние кои имаат Google акаунт, за мене е TrelloUser friendly, одлична за организација, работи на сите оперативни системи и е бесплатна за симнување. Во прилог ставам линк од уште неколку бесплатни апликации за работа, текстот е одличен, информативен и многу може да ви помогне ако не знаете што барате (bit.ly/3b64C0m).
Доколку не сте фан на апликации, секогаш можете да го искористите стариот добар тефтер и во него да си ги запишувате сите задачи и да штиклирате тоа што сте го завршиле. 


4. Направи канцеларија
Кога го почнував блогот, имав заеднички лаптоп, не лично мој, па морав да се адаптирам на потребите на другиот. Правевме распоред кога и како да го користам и најчесто немав едно место за работа. Но, после една година, кога веќе поседував мој лаптоп, се стационирав на едно место, кои го направив моја канцеларија. Ова катче до денес, е мојата канцеларија. Овој ист простор во мојата глава веќе е препознаен, на секое гледање, како канцеларија за работа. Дополнително, на овој начин сега и моето момче веќе го препознава и признава просторот како мојата канцеларија.



5. Комуницирај со колегите
Покрај комуникацијата со другарките, важно е да комуницирате и со колегите. Дури и ако немате заеднички проект, бидете проактивни и на дневна основа зборувајте со нив. На тој начин ќе го задржите чувството на поврзаност со колегите. Закажете еднаш во два-три дена и заеднички повик, чисто да се избрифирате што сте сработиле. 


6. Размрдај се
Работното катче не ви служи само да се заковате за столчето и да работите од 9 до 5. Супер идеја е додека имате повик (од оние само со аудио) да се размрдате. Пример, во понеделникот имав повик со мојот тим на скајп, и додека слушав, на звучниците од лаптопот, го пеглав купот од алишта кој ми беше останат од викендот. А денес, имам повик кој ќе трае скоро три часа, па планирам да го слушам на терасата на која имам сонце до напладне, и ако веќе не можам да седам, да направам некоја серија на вежби.


7. Земи воздух
Овој совет е тесно поврзан со претходниот. На сите ни треба доза на издишување после напорна работа. Затоа направете пауза неколку пати во работниот ден. Без разлика дали ќе излезете во двор, на тераса или ќе одлучите да свртите круг со кола, земете воздух и соберете сила да ги доработите обврските. 


8. Дефинирај го работното време
Од особена важност е да си го дефинирате работното време. За ова правило ми требаше многу време да говметнам во дневната работна рутина. Понекогаш работев од пет часот наутро, некогаш неколку денови во вечерните часови и постојано бев уморна. После извесен период се приморав да работам во точно зададен временски интервал. И тоа функционираше беспрекорно, бидејќи работата си ја делегирав да ја завршам во периодот на моето однапред зададено работно време. Само со добра организација и тајминг може да постигнете одлични резултати.


9. Вежбај
За оваа тема немам што многу да зборувам освен да кажам дека 20тина минути наутро или навечер се сосема доволни за да одржувате кондиција. Во ова време на самоизолација многу е лесно да се стане тромав и да се подлегне на пролетната мрза, која психички делува и на останатите обврски кои ќе ги имате во текот на денот. 

И на крај, ме интересира ваше мислење и искуство од работата дома. Вклучете се во комуникацијата под постот од овој линк. 


Ваша,
Miss Urban Vibe

Comments

  1. pies of famous designer brands on sale here,Fake Rolex Watches and we can be sure that they are of high quality and quality. This is my first time buying a replica watch. This watch surprised me very much. The color is very low-key and the quality is very good. Fake Rolex UKGood q

    토토사이트

    ReplyDelete
  2. signer brands on sale here,Fake Rolex Watches and we can be sure that they are of high quality and quality. This is my first time buying a replica watch. This watch surprised me very m
    파워볼사이트

    ReplyDelete

Post a Comment