НАЈДОБРИТЕ BEAUTY ПОДКАСТИ


Неодамна прочитав интересна објава на buro247 за неколку подкасти во кои се обработуваат теми за козметика, нега на кожата, лицето, трикови за шминкање и нутриционистички совети за поздрав живот па решив да ги споделам со вас. Не ги преслушав сите понудени во текстот на порталот, но од оние кои ги проверив, издвоив неколку кои ми се чинеа најинтересни за слушање и од чијашто содржина може да научите нови и интересни работи. 
1. The Emma Guns show

Во нејзините подкасти може да слушнете стручни гости од светот на козметиката кои зборуваат за бизнисот, управувањето со менталното здравје, грижа за физичкото здравје, најефикасно управување со времето и ниту една тема нема ограничување во смисла на прашање и одговор од страна на гостите. Без разлика дали сте љубопитни за теми како медитација, претприемништво, ментално здравје или најновиот тренд во козметичката индустрија, ова е подкаст за вас. 
Домаќин е Ема Гунавардана, поранешна уредничка и писателка, чиешто шоу има за цел да ги информира, инспирира и забавува слушателите. На линкот во прилог има повеќе од 300 епизоди, во кои верувам секој од вас може да си ја пронајде темата која го интересира. 

Линк до подкаст: https://play.acast.com/s/emmagunavardhana
2. Fat Mascara

Домаќините на ова шоу, како што самите ќе напишат, другарките Џен и Џес, ви го претставуваат големиот и со сочни информации свет на убавината во своите неделни подкасти. Преку ден, и двете уреднички за убавина, кои имаат можност од прва рака да ги дознаат најновите вести во козметичката индустрија и да ги споделат во своите епизоди. 

Секој нов подкаст е убаво спакуван, со стручно мислење за шминка, козметика, пластична хирургија и многу други теми за сите козметички зависнички. Во секоја епизода имаат гости од холивудскиот џет-сет на дерамотлози, пластични хирурзи, мејкап артисти, парфимеристи, но не ги забораваат и локалните маалски бизниси. Забавен и хумористичен, Fat Mascara е подкаст каде што сите вљубеници во убавиот и негуван изглед може да ја  задоволат својата фиксација. 

Линк до подкаст: https://play.acast.com/s/fatmascara
3. The Beauty brains

Зад овој подкаст стојат две жени хемичарки кои се бават со козметика и за него многумина велат дека е како да сте добиле стручно мислење на speed dial. Тие одговараат на сите прашања кои не мачат поврзани со козметичката индустрија, како да одредите дали некој производ е добар за вас или не, што значат одредени состојки во производ, како делуваат, совети за како да користите некој производ и буквално ова е место за сите beauty nerds. 

Линк до подкаст: https://play.acast.com/s/thebeautybrains

Се надевам дека ќе уживате во слушањето на емисиите и слободно споделете ако и вие слушате некој интересен подкаст. 


Look at Vibe to look your best
Love,
E

Comments

Popular Posts