ИЗБОР ОД НАЈДОБРИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД МОЈАТА КОЗМЕТИЧКА РУТИНА


Пред извесен период си ветив себеси дека никогаш повеќе нема да дозволам кожата на лицето да ми изгледа запуштено. Верувам и дека никој од вас не ја посакува оваа состојба. Затоа, во изминатата година пробав многу производи за нега лицето и кожата од различни брендови, од оние со повисока цена, до оние со пониска цена. Дојдов до интересен заклучок при користење на сите овие производи, не дека е некое откровение, но, уште еднаш ми се потврди дека кожата сака редовна нега и производи кои полека ја враќаат нејзината еластичност и сјај. Сите производи кои имаат брз и моментален ефект, функционираат пократко време, да не речам толку колку што ќе ги користите. 
Сите производи кои имаат спор ефект, оние за кои треба време и упорност, и од кои едвај и полека се гледаат ефектите, ми се покажале како најделотворни и со трајни резултати. Бидејќи кожата секогаш ми била приоритет, сум обрнувала внимание на квалитетот на производите кои ги користам и дополнително на ова да не ја изложувам кожата на јаки и со штетни хемикалии производи. 
Идејата на денешниот пост е да ви посочам неколку производи кои ги користам во мојата секојдневна козметичка рутина и кои навистина се покажале како полезни за мојата кожа на лицето. Верувам дека од моето искуството при користење и резултатите од овие производи ќе може и вие да извлечете некој совет плус, ќе пробате нов производ или дури, нова рутина.  
1. Мицеларна вода Bioderma Sensibio H2O 

Ќе почнам со производот кој го користам веќе седма година по ред -мицеларната вода на Bioderma. Низ годините, сум пробала многу мицеларни води, но ниту една не ми се покажала како оваа. Со неа го чистам лицето наутро, ја вадам шминката, ја освежувам кожата кога ја чувствувам затегната, во било кој период од денот, ја користам навечер пред легнување и после вежбање. Дури кога ќе почнете да ја користите оваа мицеларна вода, ќе сфатите колку прљавштина ви се насобира на неа. Буквално, памукот со кој ќе чистите лицето, ќе биде со темно кафена боја. 

Ниту една друга мицеларна вода не ми го чистела лицето како оваа на Bioderma. Барем не од оние кои сум ги користела, а верувајте имам пробано скоро се што се нуди на нашиот пазар. А чистењето на лицето е најважен процес, пред да продолжите со остатокот од рутината. 
2. ANEW Skin Reset Plumping Shots ампули со протинол



Првпат се сретнувам со овој термин- протинол. Знаев што е ретинол, но протинол не. Оваа технологија е патентирана од страна на AVON. Што значи и како делува протинолот? Тој ја обновува загубата на колагенот на кожата на лицето. Ако го земеме предвид фактот што со загубата на колагенот, кожата ја губи еластичноста, нејзиниот сјај и на тој начин се создаваат и повеќе брчки, оваа состојка ни е и повеќе од потребна. 

Третманот доаѓа во пакување за 7 дена и навистина ми е криво што се користат еднаш во месецот, бидејќи резултатот беше вау. Одамна си ја немам осетено кожата така мазна, сјајна и со здрав изглед. Третманот се користи навечер, 7 денови последователно, со масирање на течноста на кожата на лицето и на вратот (јас ја ставав и на вратот). После 15 минути од нанесувањето, продолжив со крем за лице, од што заклучокот ми беше дека што помасен кремот, резултатот следното утро беше подобар. Не користев други производи по нанесувањето на кремот.
3. ANEW Radiance Maximising серум со витамин Ц




Откога ги открив производите кои во себе содржат витамин Ц, буквално се опседнав да го пронајдам најдобриот за мојата кожа. Серумот на ANEW е еден од најдобрите што ги пробав. Најважниот бенефит на витаминот Ц за мојата кожа е осветлувањето на темните дамки кои со текот на годините ми се појавиле, што од сонце, што од други надворешни влијанија. Овој на AVON во себе содржи 10% стабилен витамин Ц, доза еднаква на 30 исцедени портокали.
Кој не користел производи со витамин Ц треба да има на ум дека на кожата и треба време да се навикне на него. Затоа, во првите денови од неговото користење може да осетите пецкање и благо чешање на кожата. Но, овие симптоми ги снемува после една недела од користењето. 
Моите впечатоци: дел од флеките кои ги имав на лицето скоро исчезнаа, кожата ми беше со голема доза на сјај и ја осетив мека и мазна. Серумот го користев или рано наутро или попладне кога не излегував после тоа од дома. И овој период на карантин е одлично време да почнете да го користите. 
По секое нанесување на производот, задолжително продолжете ја рутината која ја практикувате, како крема за лице и што и да користите дополнително.  
4. Крем за лице Weleda Skin Food Original


Мислам дека во моментот немам доволно зборови да ви опишам колку е делотворна оваа крема за лице. Знам дека ќе ви изгледа долго подолу напишаното, но ве уверувам дека вреди да се прочита. 
Ако сите од крема за лице бараме да ни овозможи хидратација, заштита од надворешни влијанија, еластичност, сјај, здрав изглед, и слободно додајте ја на листава секоја идеја што ќе ви падне напамет, сето ова ќе го добиете само после првите неколку денови од нејзиното користење. 
Одлична е во комбинација со витамин Ц во прав (го мешав во дозата на кремот и со кружни движења мачкав на лицето и на вратот), со протинол ампулите (нанесував убав слој од кремата после протинолот, како еден вид на маска за преку ноќ), со хијалуронска киселина (исто така неколку капки ги мешав во кремот и нанесував на лицето). 
Јас имам масна кожа во пределот на Т- зоната, и интересно е тоа што оваа крема не ми ја замастува дополнително кожата, туку и дава убав сјај и свежина. Топло ја препорачувам на сите да ја пробаат. 

п.с Овој пост не е во соработка со ниту еден од гореспоменатите брендови. Текстот и мислењето се комплетно мои, донесени од искуството при користење на производите. 


Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments