NAKIT ZA KOSA. NAJGOLEMIOT PROLETEN TREND
Украсите за коса се еден од најголемите трендови што ќе ја одбележат пролетната сезона. Минатата година се појавија волуменозните шноли на косите на трендсетерките на модните недели ширум светот, а потоа на ред дојдоа панделките од сатен кои го освоија срцето и на дел од светските модни брендови на чело со Шанел. Најинтересно е тоа што додатоците, како многу шноли одеднаш комбинирани на коса, станаа ултрапопуларни и кај street style хероините, а претходно тие беа додатоци резервирани за по дома, додека чистите, перете, миете и спас за фризура после напорен работен ден. Епа дојде време за нови креативни идеи и стилови со старите добри додатоци. Оваа пролет дефинитивно треба да посветите внимание на деталите.
Во соработка со нашиот најпопуларен бренд за уникатни додатоци Ла Мартина Монро, направивме избор од најинспиративните и најмодерни парчиња на сезоната.
Модерна Снежана
Иако Снежана во цртаните филмови носи венче со панделка во црвена боја, модерните Снежани оваа сезона носат турбан венче. Еднобојно, од тантела, од плиш, со пруги, со цветови, во јаки бои, можностите се неограничени. Секако прилагодете ги принтот или бојата на вашата коса и на комбинацијата која ја носите и нема да згрешите, каков и тип да одберете.
Сепак, трендсетерките ширум светот како парче кое ќе ја одбележи сезоната, го одбраа волуменозното венче. Што поголемо и подебело, толку помодерно. Уште и ако е нанижено со бисери, сте погодиле два тренда, со еден додаток.
Време е да се врзеш
Да, оваа пролет време да врзете панделка во косата. Сетете се на Брижит Бардо или Гвен Стефани кои гордо носеа панделки во косата. Едната во вид на марама врзана на главата, а другата со венчиња со волуменозни панделки. Овој тренд не само што е шик, туку и на секоја модна комбинација и дава стилски печат. Но сепак, оваа сезона преовладуваат шноли украсени со сатенски панделки. Нив можете да ги носите се секоја пригода, за на кафе, преку ден, за вечерни излегувања и за на работа.
На вас останува да го пронајдете вистинскиот начин на кој би ги носеле. Дали на полусобрана или целосно собрана коса или прикачена на реп фатен во долниот дел на главата. Можностите се безбројни.
Пепе ги сака бисерите и бисерите го сакаат Пепе
Оваа сезона бисерите преовладуваат во модната индустрија. Што на облеката, што на додатоците. Сепак, првата помисла кога станува збор за бисери секако асоцира на накит и додатоци за во коса. Овие шноли се одлични за да ја разиграте секоја досадна модна комбинација и сигурно ќе ви се најдат во време кога нема да имате никаква идеја што да правите со косата, а ќе сакате да пробате нешто ново и интересно. Не бараат којзнае каков труд, облеката треба да е сведена на едноставни комбинации, а нагласокот, секако на косата и шнолите. Што поголеми, тоа подобро и повпечатливо. Во секој случај, инвестирајте во вакви шноли кои ќе ја заокружат целата ваша модна комбинација.
Повеќе е помалку
Во буквална смисла на зборовите. Што повеќе раскошни шноли во косата, тоа подобро и помодерно. Без разлика дали ќе се одлучите за тенки или пак за шноли со цветови, принтови, бисери или некаква порака (текст)оваа сезона се носат сите. Најдете ја приликата и испробајте го овој тренд. Секако највпечатливи се кога ги носите со пуштена коса, меѓутоа одлично стојат и со пунџа или собрана коса во реп.
Ако многу шноли ви изгледаат пренатрупано, секогаш може да го земете примерот на Гвинет Палтроу како филмската хероина Маргот Тененбаум, чијшто заштитен знак беше метална шнола закачена на страна на пуштена кратка коса.
Секој од вас треба да ја пушти имагинацијата да проработи и да го пронајде својот омилен моден додаток. Ако ви е тешко да одберете секогаш постои опцијата да ги пробате сите понудени трендови. А во случај да ви треба инспирација за тоа како да ги носите, нашата галерија е тука за доза модна инспирација.
И не заборавајте дека овие додатоци секогаш најдобро одговараат со убаво средена и негувана коса. Ова посебно важи за блондинки како мене. Јас имав среќа мојата коса да ја средат и за неа да се грижат вистински професионалци како тимот на Schwarzkopf Proffesional Makedonija. Искуството од соработката со нив и користењето на производите а коса Blonde Me, ќе може да ги прочитате наскоро во нов пост.
Accessories: La Martina Monroe
Photography: Kosta Stamatovski
Hair done by: Schwarzkopf Professional Macedonia
Look at Vibe to look Your best
Love,
E
Deze laarzen zijn van een perfecte kwaliteit en comfortabel om te dragen.Goedkope UGG schoenen kopen Ze dragen deze laarzen wanneer ze reizen, en ze zullen niet moe worden. kopen dames ugg maylin Ik adviseerde deze site aan mijn goede vrienden, ze zijn erg blij, kunnen zulke goedkope uggs kopen
ReplyDeleteهل تبحث عن شفرات جاتا 9 كاملة للكمبيوتر موجودة داخل موقعنا يمكنك تحميل الشفرات و الاستمتاع بي لعب اللعبة .
ReplyDelete