MEET THE BRAND: CHIC UTILITY


Во рамките на овогодинешниот Моден викенд Скопје се одржа шоурумот Обединета мода, на кој учествуваа дваесетина модни дизајнери од повеќе држави од Југоисточна Европа. За мене, оваа новина донесе многу голема свежина на манифестацијата бидејќи имавме можност да се запознаеме со стилот и естетиката на странските модни дизајнери и брендови. Ова беше ретка прилика за сите модни вљубеници да почувствуваат малку поинакво модно доживување ао мултимедијален карактер. Иновативна употреба на впечатливи модни детали, оперирани од последните наметнати модни трендови, стилски комбинации кои се автентични и индивидуални за секој од дизајнерите на шоурумот, минимализам, авангарда, специфичен естетски сензибилитет. 


Кога првпат го добив меилот со содржината на овој шоурум, првото нешто што ми падна на памет е да направам соработка и едиторијал со дел од модните дизајнери и брендови. Нема поубаво чувство од откривањето на нова естетика и правењето на модни комбинации од брендови кои допрва ги запознавате. Во договор со организаторот, Моден викенд Скопје, решивме да направиме едиторијали со сите парчиња прикажани на шоурумот, кои ќе ми остават најмногу впечаток и ќе го привлечат моето внимание како блогер и стилист. 

Првиот бренд, ако ја иземам нашата Росица Мршиќ (која како и секогаш ме остави без зборови со нејзината последна колекција, која ќе ви ја претставиме во некој следен пост), беше брендот Chic utility од Романија. 

Нивната последна колекција насловена Fishing for compliments е содржана од спортски шик парчиња, парки, ветровки, целосни панталони, маички со асиметрични додатоци, реси, паспули и многу секојдневно-несекојдневни парчиња на облека. Силен контраст на бои, необични материјали, волуменозни пропорции и несекојдневни парчиња се токму клучните работи кои ме освоија кај овој бренд.









Од приложените парчиња на шоурумот оваа комбинација ми беше омилена. Верувам во избор на прв поглед, па затоа се одлучив токму нив и да ги вметнам во денешниот пост. Единствено ми е криво што немавме повеќе време да сликаме уште неколку комбинации кои ми го привлекоа вниманието. Ама знаете како се вели: в година повеќе. Нели?! 

Сите што сакаат да погледнат нешто повеќе за брендот Chic utility, тоа може да го направат на следниот линк: Chic Utility

Today I'm wearing:

Chic Utility Sunwaves overall 
Chic Utility jacket
Lommer bag
Stella McCartney for adidas barricade boost shoes

Photography: Kosta Stamatovski
Styling: Emilija Vuchinovska
Make up: Katerina Mircheska for MAC Cosmetics Skopje
Special thanks to Fashion Weekend Skopje for this collaboration. 

Look at Vibe to look your best
Love,
E

Comments

Popular Posts