AUTUMN GREEN


Синоним за свежина и регенерација, зелената, со сите нејзини нијанси е боја на сезоната есен 2018. Таа доминираше на модните писти и колекциите на светски познатите модни куќи, па затоа и не изостанува и во колекциите на домашните брендови. Во оваа прва соработка со модната куќа Линеа не само што одбрав парче во најтрендовската боја на сезоната, туку и еден од најбараните модели на фустан. Целосно направен од тантела, во горниот дел во романтичен стил, со впешатлив израз и отворени рамена, а во долниот дел овој модел на фустан ја нагласува и истакнува силуетата на телото на оној кој го носи. 

Фустанот, инаку парче од есенската колекција на Линеа, може да се носи во повеќе пригоди: за вечерни излегувања, за свечени настани, на журки со другарки, а исто така јас би го искомбинирала и со тексас јакна и патики за некоја пладневна прилика, во покежуал варијанта. 

Најубавото е тоа што овој фустан можете да го искомбинирате со различен тип на чевли како салонки, балетанки, чизми до глужд и како што спомнав погоре, јас би го носела и со патики. Сепак, за оваа фотосесија го искомбинирав со чевли на висока потпетица во јака розева боја и кроко- чанта со металик финиш. 

За пригодата за која го носев, одговараше елегантен, но сепак впечатлив, и во зелена боја накит, токму како овој од Тесоро. 

Комбинациите се многубројни, а изборот е на вас, внимавајќи да биде во согласност со пригодата во која би го носеле ова исклучително секси парче од Линеа. Што и да одберете, нема да згрешите, бидејќи ова е еден од ретките модели на фустани, кој јас би го вброила во модни камелеони. 








Today I'm wearing:

Linea dress
Tesoro jewelry 
Mona bag
Mango pumps

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments