NEGA NA KOSATA PO LETNIOT PERIOD + GIVEAWAY OD DM DROGERII


По завршување на летото косата знае да биде сува, оштетена од сончевите зраци и нееластична, па затоа во есенскиот период важно е да користите производи кои се за посебна грижа на оштетена коса.

Balea шампонот со манука мед кој го добив на тестирање од моите пријатели ДМ дрогерии се покажа како одличен производ за нега на мојата, која во моментот кога го добив за тестирање, беше сува и оштетена од морската сол и сонцето.

Го употребувам скоро еден месец и искуството со него ми е навистина пријатно бидејќи ми ја потхранува косата, ја прави поеластична и ја зајакнува. Доволно е да ставите двапати на едно миење на косата. Првиот пат поголема количина и убаво да го триете на косата додека не направи пена, а вториот пат помала количина која ќе ја оставите неколку минути да отстои за формулата да ја постигне својата задача.  



Вториот производ кој го пробав е од истата колекција. Balea регенераторот од манука мед, кој не го користам често, не поради фактот што не е добар, туку поради тоа што поголем дел од времето ставам масло и маска за коса. Меѓутоа, морам да потенцирам дека шампонот и регенераторот одлично се надополнуваат еден со друг. Шампонот ја хидрира и ја заштитува, а регенераторот ја потхранува и ја прави косата појака и поотпорна на надворешни влијанија. Се нанесува мала количина на врвовите на косата, па нежно се масира на останатиот дел од косата. По ова се остава неколку минути и темелно се мие.  


За убава, сјајна и заводлива коса по нејзиното миење, убаво е да користите спреј за расчешлување. Вакви производи се важни за нега на фарбана коса, посебно ако сте блондинка како мене. Верувам дека повеќето од вас се соочиле со проблем на расчешлување на косата додека е мокра, па затоа ваков спреј е “must have” производ. Се нанесува додека косата е мокра, а јас го нанесувам и уште еднаш на полу сува коса.

Трите производи мирисаат преубаво, посебно шампонот и регенераторот со манука мед. Мирисот им е специфичен и останува на косата до следното миење. Спрејот исто така има убав и специфичен мирис, но тој исчезнува побрзо и во мојот случај беше засенет од мирисот на манука медот.  


Овој пост е во соработка со ДМ дрогерии и како што ви најавивме по повод 5- годишнината на блогот и нашата соработка со нив, на пет читателки ќе им доделиме сет производи од Balea, Alverde, Donto dent и Trend it up.  

Правилата на игра се следниве:

1. Лајк на фејсбук (тука) или инстаграм (тука) страната на MissUrbanVibe
2. Лајк на фејсбук (тука) или инстаграм (тука) страната на ДМ
3. Шерувајте го постот и тагнете во коментар под постот три пријателки 

Право на учество ќе имаат само читателките кои ги исполниле сите три услови за игра. Среќните добитнички ќе ги објавиме во сабота на 6-ти октомври.  

Среќно на сите!

Comments

Popular Posts