Tuesday, December 19, 2017

WHAT TO WEAR ON NEW YEAR'S EVE (in collaboration with DGjurovska)


Периодот пред крајот на годината носи посебна возбуда кај сите. Секогаш е важно да го поминеш со луѓето кои ти значат, и заедно да заокружите уште една етапа. За новогодишната ноќ најважно ми е да ја поминам во одлична атмосфера со позитивни луѓе, но и како и на сите облеката ми е исто многу важен момент. Мој избор и предлог за вас е Marsin. 

За предновогодишната кампања на брендот, која е и мало изненадување за сите вас,  имате дури и повеќе од еден предлог за да заблескате во новогодишната ноќ. Мојата прва предлог комбинација е црно плишано здолниште со златни детали и високи црни чизми, кои ги комбинирав со кошула со длабоко деколте и елек кој ја разигрува целата комбинација.





Втората комбинација за мене е посмела поради црвената боја која секогаш треба да ја носите со малку повеќе став. Не само за новогодишната ноќ, туку во било која прилика најважно според мене е да се чувствувате удобно и самоуверено во тоа што го носите. 

Се одлучив за шминка која е впечатлива, бидејќи и самите комбинации го дозволуваат тоа, ги истакнав очите и усните, но не експериментирав со косата бидејќи за мене less is more, иако не секогаш се водам по ова правило. 




Облека: Marsin 
Шминка: GichkovaMakeup
Фотограф: Darko Mitev
Декорација: Flora decoration

Look at Vibe to look Your best
Love,
DGjurovska

No comments:

Post a Comment