ШТО ЌЕ НОСИ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО НА КРУНИСУВАЊЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС III
Крунисувањето е тесно врзано со традицијата на Британија, но Принцот Чарлс покажа дека е нетипичен и модерен во своите ставови и убедувања. Со церемонијата сакал да ги истакне неговите филантропски интереси, кои се поврзани со еколошката одржливост, и модерниот поглед на религиозно и етички разновидна Британија.
Еден од начините на кој овие промени ќе бидат највидливи е модата на самата церемонија. Знаете дека за секој јавен настап, настан и пригода постои моден бонтон кој Кралското семејство и сите кои се поканети на истиот, мора да го следат. Овојпат британската аристократија ќе носи облека различна од сите претходни крунисувања, бидејќи Чарлс побара од гостите “to dress down”, односно да бидат облечени во стандардна деловна облека. Па така наместо да видиме свечени тоалети и наметки кои се влечат по подот, присутните машки гости ќе носат деловни костуми, а жените миди фустани или фустани-палта, без дијадеми и раскошен дијамантски накит.
шТој ќе ја облече истата црвена наметка која Елизабета II и дедото, кралот Џорџ VII ги носеа на Крунисувањата во 1953 и 1937 година, чиешто име е Супертуника, извезена со златен вез чијшто дизајн има голема традиција, заедно со златна царска, па на нашки би било- мантија. На главата секако ќе ја носи круната св. Едвард, односно Кралската државна круна, заедно со суверениот жезол со крст, жезолот со гулаб и суверената топка за време на двочасовната церемонија. Чарлс исто така ќе ја носи и крунисувачката ракавица и појасот со меч кој ги носеше Џорџ VI еден век преходно.
Што ќе носи идната Кралица Камила на крунисувањето?
Деновиве во медиумите беше потврдено дека идната Кралица ќе носи парче од дизајнерот Брус Олдфилд, еден од омилените дизајнери на покојната Принцеза Дијана. На церемонијата се очекува да ја носи и државната наметка која првично бепе направена за Кралицата Елизабета II. Но, можеби најважниот сегмент е тоа што ќе носи своја сопствена круна, круната на Кралицата Марија, чијшто централен дијамант, контроверзниот Koh-i-nor беше заменет за оваа церемонија, значајна промена која Кралот Чарлс ја побара за неговото модерно крунисување. Па така, првпат во британската историја Кралицата првпат ќе носи веќе носена круна, а не специјално изработено парче. Оваа одлука е донесена во интерес на одржливоста и ефикасноста за која идниот Крал се залага и ја промовира.
Што ќе носат останатите членови на Кралското семејство?
Споменав дека кодексот на облекување е стандардна деловна облека што за кралското семејство значи дека Принцот Вилјам и Принцот Хари ќе носат костуми, претпоставувам во темно сина или сива боја, елек, вратоврска и перфектно исполирани чевли.
Моето поле на интерес е секогаш неприкосновено најубавата и најшармантната принцеза, Кејт. Ако го земам предвид нејзиниот стил таа сигурно ќе носи миди фустан или палто фустан од Александар Меквин или Емилија Викстед. Би рекла во лила или зелена боја, но Принцезата секогаш знае да изненади со стилот и да покаже сосема нешто ново. И јас едвај чекам да ја видам.
Comments
Post a Comment