НЕГА НА КОЖАТА ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД



Чистењето на кожата во зимскиот период е од особена важност поради честите промени на воздушниот притисок и изложувањето на кожата од топло на ладно време. Затоа кожата во овој период од годината е посебно осетлива, па и треба посебна нега со производи кои ја хидрираат и делуваат таргетирано за различни делови од телото.

Ако сте како мене и вашата кожа има тенденција да и спласне сјајот и блескавиот тен во зима, тогаш мора да се погрижите да се справите со уморниот изглед на лицето и еластичноста на кожата на телото. Во соработка со DM дрогерии ви издвоивме неколку производи за нега на кожата токму за зимските денови и преодниот период од поладно во потопло годишно време.  


За лице (Balea производи со активен јаглен)

Од оваа линија на производи кои во себе содржат активен јаглен ги пробавме- (Balea peel of maske) маската за лице , (Balea reinigungs wasser) мицеларната вода и (Balea reinigungs tucher) марамчињата за чистење на лицето. Активниот јаглен ја чисти кожата од митисери и акни, го подобрува и го усогласува тенот на кожата. Делува подлабински и затоа се одлучив во овој преоден период, од зима во пролет, за малку поспецифична нега.


Ќе почнам од марамчињата кои се одлични за вадење на шминка, но ги користам и за чистење на лицето пред да нанесам шминка. Не ја сушат кожата како останатите марамчиња и се препорачува да се користат како база пред нанесување на шминка. Бидејќи во себе го имаат активниот јаглен, освен што делуваат антибактериски го отстрануваат вишокот на маснотии и токсини од кожата. Ги користам наутро и навечер, кога не ја употребувам мицеларната вода.  


Мицеларната вода ја користам секојдневно за темелно чистење на лицето и отстранување на нечистотијата која ми се собира на кожата во текот на целиот ден. Морам да признаам дека во прво време ми беше чудно да се навикнам на темната боја на водата (бојата доаѓа од активниот јаглен во неа), бидејќи сите мицеларни води кои сум ги користела до сега, биле без боја. Но, по нејзино активно користење, се навикнав и ми стане неизоставен дел од секојдневна нега на лицето. Обично ја користам наутро и навечер, и дополнително во претпладневните часови, кога ја вадам шминката по работа.  


Маската за лице не ја користам многу често, еднаш во две до три недели, бидејќи во една прилика прочитав дека вакви peel off маски, не треба да се користат често. Одлична е за длабинско отстранување на митисери од пределот на носот, брадата и јаболчниците. Во оваа маска дополнително има и Алое вера, Витамин Е и пантенол кои ја смируваат и даваат природен баланс на кожата на лицето. Ја препорачувам на сите кои имаат проблеми со митисери во пределот на Т- зоната на лицето. 
Совет плус: никако не ја нанесувајте во пределот на очите и веѓите, и најубаво ќе ја нанесете ако користите четка за фарбање на коса. Со ваква четка, мене ми успева секој пат. 


 За раце (Balea hand konzentrat)

Негата на рацете ми е од значителна важност во било кој период од годината, бидејќи како девојка која секојдневно мие садови по дома и чисти, од употребата на разни препарати за чистење и миење, ми се суши кожата на рацете. Во зимскиот период, од ладното време дополнително ми се суши кожата и редовно ми излегуваат црвенила на рацете. Затоа се одлучив за Balea концентрат за раце, кој е за оштетена и сува кожа. Ова не е класичен крем за раце, бидејќи има многу погуста и масна текстура, која има регенерирачко дејство и штити од студ. Ја користам во текот на целиот ден, ми стои на бирото за работа и ја нанесувам секојпат кога ќе осетам дека кожата ми ја изгубила еластичноста и ми е сува.


Совет плус: кога ја нанесувате на рацете, пробајте малку да ги измасирате со неа за да може поубаво да се втрие концентратот во кожата.   


За нозе (Balea warmende fusscreme)

Кремот за нозе со загревачко дејство ми е исто така еден од омилените производи. Пред се, заради состојките кои ги содржи, кои ја стимулираат циркулацијата на нозете, а потоа поради одличната хидратација која ми ја даваат на кожата во пределот на стапалата. Не сум девојка која секојдневно носи високи потпетици, меѓутоа кога ги носам, ми се трие кожата од чевлите па често ми е нееластична. Оттука и потребата за постојана грижа за нив. Оваа крема има густа текстура и мириса на шеа путер и бадемово масло и при секое нејзино нанесување овој опоен мирис не само што се шири, туку и останува да циркулира во собата и во текот на следните неколку часа. Го користам навечер, бидејќи до сега, од лично искуство, ми се покажало дека има најголем ефект. После нанесувањето на кремот облекувам малку подебели чорапи и преспивам до утрото. Верувајте, резултатите се одлични. Утрото добивате кожа мазна како свила и нови стапала спремни да го освојуваат градот со пешачење.


За усни (EOS lip balm- ексклузивен производ на DM)

Еден од најдобрите производи за нега на усните кои ги имам пробано. Иако морам да признаам дека на прво место ми е Carmex, кој има и медицинско дејство и го користам веќе шест години. Но, Carmex не се препорачува да се користи повеќе од трипати во денот.  За разлика од него, EOS не само што е одлична замена, туку може и да се користи повеќе пати во денот. Откако го имам, ми стана неизоставен дел од работите кои не ги вадам од чанта, а тука ми спаѓаат паричникот, клучевите и телефонот. Она што најмногу ми се допаѓа е опојниот мирис, во мојот случај на сорбет од јагода, а тука е и единствениот јајцевиден дизајн на пакувањето, кој дополнително освојува. Како што спомнав, го користам секојдневно, за да постигнам ефект на мазна кожа и здрав и негуван изглед на устата.  

За веѓи (Balea teint perfektion)

Првпат користам ваков производ чијашто намена е за стилизирање и нега на веѓите. За разлика од останатите делови на лицето, грижата за веѓите ни се сведува само на нивно редовно кубење- барем така е во мојот случај. Со овој серум кој има нијансирачки пигменти, освен што се стилизираат веѓите, помага во нивно згуснување. Се нанесува наутро, јас преферирам во мала количина бидејќи има кремаста текстура па не сакам да ми останува вишок од серумот на веѓите. Интересно е што има четкичка како маскара за трепки и со неа на некој начин освен што се нанесува од серумот во исто време и се чешлаат веѓите. Немам некој посебен ритуал на негово нанесување, секојпат нанесувам согласно приликата и интензивноста на шминката.



Се надевам дека овој пост ќе ви помогне во изборот на козметика за нега на кожата во зимскиот период. Сите производи се одлични, со цени кои секој може да си ги дозволи. Постот е во соработка со ДМ дрогерии, меѓутоа текстот и мислењето се комплетно мои, донесени од искуство при користење на сите производи.

Повеќе за производите може да прочитате на веб страната на DM (тука

п.с Доколку имате какво било прашање или мислење за некој од производите, не срамете се да ми пишете, бидејќи би сакала да го слушнам. 

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments

  1. Le magasin a résolu des problèmes pour moi,pas cher nike air max Vente le service est très patient, c'est une expérience de magasinage parfaite. Quand j'ai reçu les chaussures, je pensais que c'était une bonne copie des chaussures.pas cher free tr J'aime cette boutique en ligne, les chaussures sont simples et élégantes. Très satisfait de cet achat.

    ReplyDelete

Post a Comment