Monday, August 7, 2017

BECAUSE IT'S YOU



Отсекогаш сум верувала во моќта на мирисот. Мирисот кој го оставате зад себе е сличен на вашиот потпис, тој е нешто што е уникатно за вас, и верувам дека зборува многу за вас и за вашиот личен стил, многу повеќе од облеката и модните додатоци. Впрочем, тој е како невидлив додаток и најзначајната алка во вашето секојдневно претставување пред светот. 

Парфемот треба да го чувствувате како дел од себе, бидејќи кога ќе го нанесете, почнува да мириса на вас. Мирисот кој сте го одбрале е наменет да делува на начинот на кој се гледате себе си и како контролирате одредени аспекти од вашиот живот.  

Сега ви се врти низ главата главното прашање: како да го дефинирате вистинскиот парфем за вас? Дали се тоа одредени ноти на јасмин што ви се допаѓаат? Или повеќе сакате мошус и ванила? Можеби едноставно ве привлекува начинот на кој мирисот живее со вашата кожа и ви буди одредени моменти, или го избирате само поради пакувањето и изгледот на шишето? За мене, тоа е комбинација од сите овие различни елементи. 

Мојата последна опсесија е Giorgio Armani- Because it’s you, парфем чија мирисна нота е совршен баланс од елеганција и сензуалност, деликатен и софистициран, интензивен но во исто време и многу женствен. Вистинска алхемија е кога ќе пронајдете парфем кој хармонично ги спојува сите работи кои ги сакате од еден мирис и кога тој ќе стане дел од вас. Because it’s you е и многу повеќе од тоа.










Emporio Armani- Because it's you е достапен во Еликсир Ексклузив Парфимерии 

Фотографија: Jasna Chilimanova Nakova
Стајлинг: MissUrbanVibe
Шминка: Natasha Dimovska za Kariera plus

 Look at Vibe to look Your best
Love,
E

No comments:

Post a Comment