BELLA CIAO!
Облеката отсекогаш била еден вид на особен израз и комуникација за тоа како сакаме да не перцепираат луѓето околу нас. А секој од нас има сопствен стил, повеќе или помалку изграден, и преку него се покажуваме себеси и својата личност. Секојдневно истражуваме што сакаме да носиме, што не прави среќни додека го носиме, кои парчиња на облека или додатоци ни влеваат самодоверба, и правиме комбинации со кои сакаме да кажеме: „е ова сум јас“. Сите овие мали детали и целото расположение кое го носиме длабоко во себе, додека го правиме изборот, го заокружуваат овој моден израз и ја подигнуваат на повисоко ниво секоја комбинација која ја облекуваме. Ако на сето ова додадеме автентичност, разиграност во парчињата, креативност и талент во комбинирањето, ја имаме добитната „формула“ со која ќе ги привлекуваме погледите на сите споредни минувачи. Сето ова не би било комплетно и не би отскокнувале од останатите, доколку не го забибериме со доза на софистицираност, елеганција и харизма. Јас лично,