Monday, April 4, 2016

FWSK DAY 1


Росица Мршиќ 


Темата на новата колекција на македонската дизајнерка Росица Мршиќ е инспирирна од креативниот опус на италијанскиот уметник Амедео Модиљани. Уникатна и карактеристична, баш како и уметничките дела на сликарот и скулптор, новата колекција на Мршиќ ја карактеризираат современи силуети со смирени конусни форми во горните делови на парчињата и лелеави силуети во долните делови.

Ревијата ја отвори комбинација составена од бели панталони и блуза со оригами принт (веќе препознатлив и карактеристичен за дизајнерката), по што следуваше фустан со истиот принт, овојпат во црна боја, кои ни најавија колекција во која Мршиќ својата љубов кон уметноста ја споила со мајсторството на нејзиниот занает и создала фузија од модерни и заводливи женствени парчиња.



Следејќи ги светските модни трендови, комбенизоните и килот панталоните беа неизоставен дел од колекцијата на Мршиќ. Како и останатите парчиња така и панталоните беа со чисти, прави линии и долги колани на половината, искомбинирани со краток топ (crop top).

Сепак, највпечатливи беа фустаните. Однапред женствени, со строги линии и со кројка која ја следи линијата на женското тело, а одназад со разиграни впечатливи детали како В- израз, споени прерамки со различни геометриски форми.   



Како омилено парче би го издвоила долгиот фустан во црна боја со фалти во предниот дел кај половината и тенки прерамки. Неговиот минималистички и класичен крој го прави парче кое никогаш не излегува од мода.

Во колекцијата доминираат црната и белата боја, металик темно- сини парчиња, како и парчиња во сива боја со интересен дезен.


Целата колекцијата тежнее кон префинетoст на парчиња со чисти и прецизни кројки и женствени детали со беспрекорна изработка, синоним за сите досегашни колекции на креаторката. Росица го прослави својот бренд со нејзиното внимание кон деталите на секое парче облека во колекциите, внимателно одбраните материјали и беспрекорната изработка која е длабоко врежана во ДНК-то на брендот Росица Мршиќ.

ОЛГИЦА ЃОРЃИЕВА


 АЛШАР 


Photos by: Ani&Dimi

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

2 comments: