BLOOM-ING NOIR
Сите што редовно го следат мојот блог, знаат дека од самите негови почетоци сме подржувале домашни дизајнери и брендови. И кога станува збор за давање на подароци на најблиските, ги преферирам оние од мали локални домашни работилници, кои не само што се во лимитирано издание, туку во својата ДНК носат љубов и внимание, кои пак се пренесуваат на оној кому сте го подариле. Барем јас така размислувам.
Секојпат кога сум купила производ од домашен бренд или дизајнер (често истите ги познавам или сум ги запознала лично), чувствувам дека сум направила нешто добро за себе и за околината. Како да сум освоила некоја мала, но значајна награда и сум допринела на овој или на оној начин. Верувам дека сите кои го следат мојот пример, знаат дека овие парчиња не се само набавка на производи за одредена потреба, туку чин на свест и совест, и нема поубаво чувство од тоа да знаете дека сте учествувале во нечиј сон и креативна визија.
Нивниот пат до вашето срце е со винамтелно изработени дизајни и квалитетни производи, со многу срце и со душа.
Истата има хуманитарен карактер, 10% од продажбата на секое парче од колекцијата е наменет за помош на децата од Детско СОС село.
Јас ја одбрав Bloom Noir, иако морам да признаам дека сите четири дизајни ме освоија на прва. Овојпат решив да ја споделам во празнично комбо со црвено волуменозно здолниште и црвени Мери Џејнс. Секако за да биде поновогодишно, комбото го заокружив со црвени хулахопки и црвен кармин.
Comments
Post a Comment