Кога станува збор за инвестирање во вонвременски парчиња со кои би го подобриле вашиот стил, се’ што спаѓа во категоријата класици со свеж пресврт во дизајнот, ви е најсигурна варијанта да го постигнете тоа. А не постои подобар репрезент на оваа категорија од малиот црн фустан. На темава сум зборувала многу пати, и црниот фустан освен што е безвременски, тој прилега за секаков вид на забава, настан, модна недела и може да го износите во било и која прилика која ќе ви дојде на памет. Многу е лесен за комбинирање, во зависност од неговиот дизајн, должината и материјалот од кој е изработен.
За да се издвоите од толпата, и да откраднете погледи, секогаш треба да имате „џокер“ во ракав. Сите што редовно ги читаат содржините на блогот знаат дека мојот џокер секогаш е необичен спин на класично парче. Излегување надвор од својата комфорна зона и вообичаена униформа. Мојот засекогаш „go-to“ мал црн фустан е јакна или палто со шик и впечатлив дизајн. Би ја носела секаде, за секоја пригода, во најразлични комбинации.
Најелегантен начин беше да направам целосно црно комбо, но во случајов, не ми беше таа идејата. Сакав да постигнам естетика на функционалност и слобода на движење, зачинето со доза уличен стил. Затоа јакната ја искомбинирав со чевли на платформа кои визуелно ги издолжуваат моите нозе. Можев да ја искомбинирам и со високи потпетици, но не сакав секси, туку повеќе футуристички Барбарела стил.
Магијата на празниците ја доловив со хулахопките- хеланки со сребрен мотив и комбото го заокружив со голема обетка во јака боја за да отскокне од останатите парчиња. И „voila“, добив совршено улично комбо кое во истовреме е префинето и разиграно. Токму онака како што ја замислувам Барбарела на новото доба.
И за крај, секогаш размислувајте парчето со својата естетика и квалитет да ја надмине краткотрајноста на една сезона. А неговиот дизајн да комплементира на вашата силуета.
Јакна: Кокев
Чевли: Графити
Хулахопки: Calcedonia
Шминка: Fabu Spot East Gate
Локација: East Gate mall
Look at Vibe to look your best
Love,
E
Comments
Post a Comment