ПРОЛЕТЕН БОХО ШИК



Секоја нова сезона со себе си носи “must have” парчиња, но постојат и парчиња на облека кои никогаш не излегуваат од мода: џинс и бела бохо кошула. Размислувајте за еклектични кројки кои никогаш нема да изгубат на вредност во вашиот шкаф и ќе може да ги комбинирате буквално со се. Имајќи го ова на ум, веројатно најубавата комбинација која може да ја направите е да ги облечете заедно. 

Оваа пролет шопинг листата се менува од месец за месец, но базата секогаш останува иста- кежуал, бохо, оригинално, шик.



Replay секогаш ми бил асоцијација за добар и квалитетен пар на фармерки и бренд кој отсекогаш ја диктирал џинс модата. Но во последните неколку колекции, нивните апетити за привлекување погледи додека ги носите парчињата, е навистина на високо ниво. Нема ништо вообичаено, предвидливо и срамежливо. Напротив се е “statement”, гласно и шик. Во новата колекција естетиката е водена од бохо и фолк. Веројатно најрепрезентативното парче е оваа бела бохо кошула со карнери на ракавите, која има опуштен и лелеав крој. Во неа може да поминете буквално цел ден, од утро до вечер, бидејќи е одлично парче за комбинирање со различни панталони, здолништа па дури и за под фустан.



Бохо фолк стилот е задржан и во дизајнот на оваа чанта која знам дека нема да ја заборавам во шкаф токму поради нејзината еклектичност која ја оплеменува секоја помалку досадна комбинација.



Стигнавме до џинсот. Сите кои добро ме познаваат и оние кои редовно го читаат мојот блог, знаат дека не сакам целосно комбо од еден ист бренд. Знаете многу е лесно да направите комбинација од истиот бренд, од истата колекција, бидејќи мешусебно се комплементираат и се надополнуваат. Затоа фармерките во оваа комбинација се Mango. Секоја година во нивната понуда се наоѓаат се подобри и подобри модели. А бидејќи расположението ни е варијација на бохо, тие мораа да бидат лелеави во долниот дел (читај ѕвонасти). Благодарение на сите body positive движења, ваквиот модел веќе не е прашање на чија силуета и стојат, туку може да ги носи секој кој во нив се чувствува добро.




Освен чантата како задолжителни додатоци се викенд шапка, очила и неколку ланчиња носени едно врз друго. Задржете го минималистичкиот стил во оваа комбинација и единствената боја која ќе да додадете нека биде на додатоците, не на облеката. На тој начин ќе добиете порафиниран изглед и секако сите очи ќе бидат вперени во вас.



Постот е во соработка со Fashion Group. Парчињата од комбинацијата може да ги најдете на следните линкови:

Кошула Replay (тука)
Чанта Replay (тука)
Фармерки Mango (тука)
Шапка Parfois (тука)
Очила Mango (тука)
Ланчиња Parfois (тука)

Фотографија: Горан Бошковски

Look at Vibe to look your best
Love,
E

Comments