Thursday, July 25, 2019

WE ALL WEAR NEUTRALS


Комбинациите составени од парчиња облека во неутрална боја обично се поврзуваат со стилот на девојките од скандинавските земји, а многумина би рекле дека треба да се повикате на нивната филозофија “Hygge” за правилно да ги ускладите. Но, кај комбинирањето на неутрални нијанси, впрочем и нема многу голема мудрост. Со комбинациите од микс со бела боја никогаш нема да погрешите, а може да си поиграте и со други нежни бои со кои одлично се надополнуваат.



Како наше омилено комбо би го издвоиле двоецот пруги-цветови. Облечете беж фустан со цветни мотиви во кафена и каки боја во комбинација со ленено сако во пруги во светло кафена боја.

Но внимавајте, кога бирате вакви комбинации на облека, додатоците, како чантата и накитот секогаш треба да се смирени и да не отскокнуваат од целосната комбинација. Бирајте ги во бои кои се компатибилни едни со други.  




Комбинациите на облека составени од исти тонови секогаш може да ги разиграте со чевли во јака боја. Така навидум досадната комбинација, ќе ја направите многу шик и впечатлива.




За крај погледнете го видеото со комбинацијата која ја подготви нашата блогерка Емилија. Уживајте!


Today I'm wearing:

Mango blazer & dress
Parfois bag & accessories
Solo shoes

Video & photography: MixMatch production

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

1 comment:

  1. What a lovely neutral outfit! The heels are a fun pop of colour with it :)


    Hope that you have a lovely weekend ahead of you! :)


    Away From Blue

    ReplyDelete