MOJATA SEKOJDNEVNA KOZMETICKA RUTINA SO DR.HAUSCHKA


Постои добра стара изрека дека чистотата е половина здравје. Затоа и козметичките производи се во голема мера заслужни за убавината на вашата кожа. Вообичаената дневна рутина кај повеќето жени е горе долу иста, разликата е само во изборот на препаратите кои ги користат и кои им се потребни согласно типот и состојбата на кожата.

Сепак, основните три чекори за нега на лицето, препорачани од скоро сите производители на козметички препарати се: чистење, тонизирање и хидрирање. Овие три принципи ги имам прифатено и јас и тие ми се секојдневен ритуал во одржувањето на кожата на лицето преку текот на целата година. Но, и покрај овие основни правила, секогаш имам на ум дека кожата е жив орган кој се менува под дејство на надворешните и внатрешни влијанија, па затоа нејзината состојба во текот на целата година не е иста. Јас имам правило да, во одредени периоди од годината, фокусот го ставам на еден одреден производ, а останатите кои ги користам, само да го дополнуваат дејствието на главниот производ.

Исто така низ годините имам пробано многу брендови и различни козметички производи и имам научено дека користењето на неколку производи од еден ист бренд е подобро од мешање на различни производи од различни брендови, бидејќи производителите ги дизајнираат производите на тој начин што тие најдобро се надополнуваат еден со друг.

Во овој пост ќе зборувам за мојата секојдневна нега на лицето и искуството од користење на производите од Dr.Hauschka. Би сакала да почнам со тоа што ќе кажам дека одамна се имам запознаено со козметиката на Dr.Hauschka и ја користам веќе со години. Имам пробано различни производи за различни состојби на мојата кожа. Оваа зима во фокусот ми беше хидрирање на кожата на лицето и нејзината заштита од ладното време, ветерот и загадениот воздух. Во консултација со претставниците од Dr.Hauschka Македонија го направивме планот за нега кој се состоеше од четири чекори, есенцијални за заштита на мојата кожа.    


Чекор број 1: Чистење на лицето со Dr.Hauschka Soothing Cleansing Milk
Млекото ми е еден од омилените производи кој има и смирувачко дејство. Текстурата му е мека, мазна и ви оддава чувство на свежина и лагодност додека го нанесувате. Знаете, чистењето е најважниот и есенцијален чекор до поздрава кожа, првенствено бидејќи и оддава на кожата слободно да дише, затоа што ги чисти сите насобрани нечистотии, а потоа ја подготвува за нанесување на останатите препарати. Обично со производи за чистење, кожата ви е затегната и сува, но со млекото, вашата кожа добива друга димензија. Мазна е и многу нежна и не ја исцрпува нејзината природна влажност.   


Како се користи: Лицето се мокри со млака вода, па потоа се нанесуваат неколку капки од млекото со лесни кружни движења. Се отстранува вишокот со памук или тупфер и повторно се исплакнува со топла вода. Се користи наутро и навечер.

Совет плус: Никогаш да не го триете лицето. Било кој препарат што го користите, секогаш да применувате нежни и кружни движења при нанесувањето. Млекото може да го користите и за вадење на шминка со директно нанесување на влажен памук или тупфер. И повторно, тапкате со кружни движења, не лизгајте да ја иритирате кожата.


Чекор број 2: Тонизирање со Dr.Hauschka Facial Toner
Тонизирањето на лицето е важно за освежување на кожата на лицето, но и за нејзино обновување. Ги подржува природните процеси на кожата во чистење и обновување, балансирајќи ја нејзината еластичност и маснотија. Се користи наутро и навечер, но јас го користам и преку текот на целиот ден кога ќе осетам дека лицето ми е суво и кожата затегната, па така постојано го хидрирам и тонизирам.

Како се користи: Се прска директно на лицето, вратот и деколтето, па се тапка со рацете за побрзо апсорбирање. Наутро пред нанесување на дневниот крем, а навечер после чистењето.

Совет плус: Многу е важно да разберете дека ова не е тоник за чистење на лицето, ова е тонер за лице, кој ја тонизира, ја задржува еластичноста, и помага во одржување на состојбата на порите на лицето. Затоа користете го согласно упатството за употреба. Во спротивно, ќе го трошите залудно.

Мажите можат да го користат наместо балсам за после бричење.


Чекор број 3: Хидрирање со Dr.Hauschka Rose Day Cream

Кремот од рози е најпродаваниот производ на Dr.Hauschka. Интересно е тоа што јас толку години ги користам нивните производи, а првпат ја пробав оваа крема. Активно дејствува на сите состојби на кожата предизвикани од надворешни влијанија. Ја задржува влажноста на кожата и нејзината еластичност. Има многу убава густа текстура а нејзиниот мирис на ливчиња од роза е единствен. После секое нејзино нанесување, два до три часа го чувствувам мирисот и толку бргу се навикнав на неа што сега не можам да го замислам денот без да ја нанесам наутро.    

Во 2016 година кремот од рози беше прогласен за најдобар природен навлажнувач според Glamour Beauty Awards. Сосема заслужено бидејќи со нејзиното користење чувствувате удобност, рамнотежа и хидрирана кожа. Во нејзината сериозна делотворност се уверив минатата година кога при подготвување на ручек, ги изгорев врвовите на прстите на едната рака и не знаејќи што да направам за да ја смирам кожата, решив два дена да ги мачкам со кремот од рози. И верувајте ми, ова не е смислена кампања, ниту реклама, ама кремата сериозно ми помогна во повлекувањето на црвенилото од изгорениците и во заздравување на кожата.

  
Како се користи: Се нанесува после млекото и тоникот, подобро со тапкање, не со размачкување. А најдобро е да нанесете на прстите, да ја протриете и после тоа да ја натапкате на целото лице.

Совет плус: Не ја трошете залудно кремата при нанесување на лицето. Доволно е буквално една капка за таа да делува на кожата и да постигнете хидрирање.


Чекор број 4: Ревитализирање со Cleansing Cream Dr.Hauschka 
Овој производ е дел од дополнителната нега на кожата, но и покрај тоа, за мене е незаменлив во мојата секојдневна рутина. Првенствено, да напоменам дека ова ми е најомилениот производ. После неговото користење кожата ми е, народски кажано: путер (се обидувам да ви доловам каква е на допир и на изглед). А чувството од сјајот, кој ми го има на кожата во текот на целиот ден, е со зборови неописливо. Мора да ја пробате за да знаете за што зборувам.

Текстурата на кремата е многу интересна, густа, но сепак лесна како памук. По боја е кафена и кога ја нанесувате чувствувате ситни парченца кои ја ексфолираат и чистат кожата. До денес не можам да откријам на што ми мириса и зошто сум толку зависна од нејзиниот мирис. Во нејзиниот состав има невен, бадем, камилица и детелина кои ја чистат, зајакнуваат и и даваат здрав изглед. Овој производ е одличен и за борба против проширување на порите. Го користам после млекото и тонерот, пред нанесување на кремата.   


Како се користи: Првенствено лицето се мие со млака вода. Потоа на рацете се нанесува отприлика еден сантиметар од кремата и се меша со неколку капки млака вода, за да се добие густа паста. Добиената содржина се притиска на лицето, почнувајќи од централниот дел на челото и носот, па полека носејќи ја накај краевите на лицето, кон ушите. Никогаш не тријте, туку тапкајте и притискајте полека со врвовите на прстите. После две до три минути измијте го лицето со млака вода, па завршете со прскање на лицето со ладна вода да ги затворите порите. Користете ја наутро и навечер. Јас досега ја користев само наутро бидејќи сакам гордо да го носам” целиот тој сјај на кожата во текот на целиот ден.  

Совет плус: Кремата за чистење најдобро делува ако претходно лицето го загреете и ги отворите порите покривајќи го со пешкир кој претходно бил натопен во топла вода. Само внимавајте пешкирот да е топол, не жежок. Бидејќи во спротивно, може да ја оштетите и изгорите кожата.


Сите производи на Dr.Hauschka се сертифицирани органски и природни. Во нивниот состав нема синтетички бои и мириси, нема минерални масла и конзерванси. Производите се вегански, ако некому му значи тоа, дерматолошки тестирани за чувствителна кожа, и никогаш не се тестирани на животни. 

Целата филозофија на овој бренд е долготрајна рамнотежа, балансирање и насочување на кожата до состојба таа да блеска и да биде здрава и негувана. Затоа не треба да очекувате резултати преку ноќ. Сите производи се направени така да, со константна работа и придржување до, барем основните принципи за нега на кожата, да остават долготрајна трага и да ја подобрат состојбата на кожата преку текот на целата година. 

И запомнете, константноста и ритамот на користење се клучот за успех. Бидете истрајни и придржувајте се до секојдневните ритуали. За нив не ви требаат повеќе од 10 минути во денот, ако не и помалку.



Јас сум презадоволна од користењето на оваа козметика и од сите производи кои ги имам пробано. Ги препорачувам на сите кои сакаат да вложат во долготрајна нега и одржување на здрава, балансирана состојба на кожата. На сите кои се грижат да ги спречат предвремените знаци на стареење на кожата. Знаете, баш како онаа изрека “buy now, wear later” за облека, само во смисла на користи сега, а ползувај ги бенефитите на кожата и во иднина.   

И на крај би сакала да се заблагодарам на Dr.Hauschka Македонија за соработката на овој пост. А вие драги читателки, како и секогаш, доколку имате какви било прашања во врска со производите, слободно пишете ми во делот за коментари или контактирајте ме преку директна порака, ќе ми биде драго да ви одговорам. 

Сите производи портфолиото на Dr.Hauschka можете да ги најдете во поголемите аптеки низ Македонија. Доколку имате какви било прашања до претставниците од Dr.Hauschka Македонија, може да им се обратите во инбокс на нивниот фејсбук или инстаграм профил. 


Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments