SOVET KAKO DA SE OBLECETE AKO STE POSETITEL NA MODEN VIKEND
Секој сака да остави добар впечаток со облекувањето, но не е лесно да се состави совршената комбинација за да се постигне тоа. Ова посебно важи за комбинации кои треба да ги носите за одредени пригоди како престојното издание на Модниот викенд Скопје. Се навикнавме
секоја година меѓу присутните да гледаме сѐ повеќе неинвентивни комбинации. Причината
поради која што го пишувам овој пост е да дадам совет за тоа како би требало да
изгледа еден соодветно облечен посетител на модна недела.
Во една прилика напишав дека постои тенка линија меѓу
соодветно и модерно и несоодветно облекување, па затоа би почнала со првото правило по кое се водам секојпат кога составувам одредена комбинација: излези од својата комфортна зона.
Поставете си предизвик да носите нешто што никогаш не би го облекле за на работа или за на кафе со пријателките. Пуштете ја вашата имагинација да работи и не плашете се да пробате различни комбинации. Дури и оние кои на прв поглед ви се чинат невозможни. Внимавајте само да останете верни на својот стил, бидејќи сѐ што е со премногу напор, се приметува и изгледа вештачко.
Ако го немате дефинирано вашиот стил, копирајте. Но внимавајте, облеката и комбинацијата да одговара на вашите години, на градбата на телото и да ви влева доза на поголема самодоверба додека ја носите.
Внесете доза на софистицираност и женственост во одбирањето на комбинациите. Но сепак, одберете едно парче кое ќе отскокнува од целата комбинација и ќе ја покаже вашата креативна страна. Дали тоа ќе биде несекојдневно палто, невообичаени чевли и чанта или накит со кој ќе се издвоите од толпата, изборот е ваш. Но внимавајте на правилото помалку е повеќе. Едно вакво парче е сосема доволно за да ја имате добитната комбинација.
Едноставните се секогаш подобри од комплицираните парчиња на облека. Доколку не сте сигурни како да комбинирате бои и принтови, подобро одлучете се за монохроматска комбинација. Таа е секогаш шик и модерна и со неа би играле на сигурна карта.
Баба ми секогаш велеше: погледни се во огледало пред да излезеш од дома. Ако имаш и мала доза на несигурност и сомнеж во облеката која ја носиш, подобро не ја носи. Верувајте ми, останатите посетители ќе забележат дека ви е непријатно во тоа што го носите.
Во прилог составив две комбинации, водејќи се од горенапишаните совети, кои ќе ви помогнат визуелно да ги доловите сите трикови на добро искомбинирани парчиња на облека.
Statement палто + црн фустан со асиметричен крој + трендовски чизми
Одамна не сум налетала на вакво моќно парче како ова палто. Бојата му е вонвременска, а дизајнот толку шик не само ради крзното, туку и поради спортските ракави од ластик. Во комбинација со лелеавиот асиметричен фустан во црна боја и чизми со анимал принт, кои се едно од најпосакувааното трендовско парче оваа сезона, спремна сум да зачекорам на било која модна недела во светот.
Палто со леопард принт + зелен комбенизон + slouchy чизми над колена
И во оваа комбинација повторно доминира палтото со својот леопард принт. Комбенизонот со јака зелена боја, која потсетува на есен, само ја надополнува комбинацијата со својот шик дизајн и невообичаена должина. Чизмите се над колена за да им дадат подолг изглед на моите нозе, а чантата е второ парче со невообичаен дезен, со кое направив микс на два принта во една комбинација.
Благодарност до Fashion Group Macedonia за соработката на овој пост.
Прва комбинација:
Палто Replay
Фустан Mango
Чизми Mango
Очила Mango
Втора комбинација:
Палто Mango
Комбенизон Mango
Чизми Mango
Очила Mango
Look at Vibe to look Your best
Love,
E
Comments
Post a Comment