Wednesday, November 14, 2018

CHASING THE AUTUMN SUN


Искористете ги последните сончеви и не толку студени денови за комбинации од лелеави блузи и шик црни панталони, кои за мене се вечна класика и сметам дека секоја девојка во својот шкаф, треба да има барем неколку пара црни панталони. 

Оваа комбинација е соодветна за на работа, за кафе со пријателките, за на ручек со момчето или пак во комбинација со патики, за долги есенски прошетки. Доколку истата ја носите на некаков јавен настан, искомбинирајте ја со впечатливо палто и чевли со уште повисока потпетица или чизми до глужд. 

Накит не е задолжителен бидејќи блузата сама по себе е декорирана, бидејќи во горниот дел има преубав карнер кој ја следи линијата на рацете. Ако веќе се одлучите да ставите накит, тоа нека бидат еден пар невисечки обетки.  








Today I'm wearing:

Linea blouse
Linea pants
Mali shoes
Armani exchange sunglasses 

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

1 comment: