#INSTATAKEOVER ZA FASHION GROUP


Пред неколку недели јас и мојата колешка Јована Зука имавме чест да бидеме дел од InstaTakeover-ot на профилот на Fashion group Macedonia. Соработката уште во периодот на преговорите, беше многу интересна и возбудлива, бидејќи имавме задача да ги презентираме најновите пролетни трендови и нашите омилени парчиња облека од брендовите на ФГ. 

Како се наближуваше времето за фотографирање, задачата ни стана малку отежната бидејќи во тој период, од топла пролет, лудата Марта ни донесе ладно и врнежливо време. Сепак, после бројни премислувања, со мојата колешка и фотографка Јасна, решивме и да врне и да вее, дека ќе ги направиме фотографиите и ништо нема да влијае на нашето расположение. Среќа, Марфи овојпат беше на наша страна, па времето ептен ни се погоди. 

Фотографиите и модните комбинации кои ќе ги видите во денешниот пост, се резултат на оваа соработка. 


Првата комбинација, како што напишав на IsntaTakeover-ot, е колоритна комбинација која не само што комплетно одговара на мојот весел карактер, туку и одлично прилега на сончевиот ден кога и беше постирана на Инстаграм. Палто во јака црвена боја, маичка со пруги, џинс со извезени бисери и колоритни чевли- комбинација која прилега да ја носите и на вашето работно место, како и за пладневно кафе муабетење со пријателките. Додатоците, секогаш мора да се приказна сама за себе.  








Кога го видов овој фустан, во горниот дел на преклопување, а во долниот со лелеава кројка, знаев дека е вистински погодок и дека комплетно одговара на моето тело. Кога размислував со што да го комбинирам, на ум ми беше масивен накит, во иста или барем слична боја како бојата на фустанот. На вакво шик и женствено парче секогаш сакам да носам чевли со специфичен и модерен дизајн. Овие од Бата, ми се апсолутен фаворит за сезоната. На прв поглед изгледаат чудно, меѓутоа кога ќе ги облечете, добивате сосема нов впечаток за нив.





Третата беше #OffDuty комбинација. Карго панталони, дуксер и милитари јакна со која ја разиграв целата комбинација. Од додатоци, освен мала чанта во која би ги носела телефонот и клучевите, задолжителен ми е часовникот. Тој ќе ми помогне да не изгубам осет за време во долгите прошетки со другарките. 







Мојата омилена и најубава комбинација од сите. Како што спомнав, одамна не сум се израдувала на вакви вонвременски парчиња на облека. Волуменозната парка во пастелно зелена боја, со фустанот кошула и чевлите на висока потпетица, надополнети со обетки во златна боја секогаш ме асоцираат на комбинациите на хероините на улична мода.  
   






Многу ми е драго дека сосема случајно со Јована Зука, како омилено парче од #InstaTakeover-ot и двете го одбравме тексас комбенизонот. За неа беше парче што изгледа како нешто што би го носела и Џејн Биркин, а мене темен џинс и ѕвонести ногавици ме асоцираат на Фара Фосет. Секој во својот филм, нели?! 




Облека: Mango 
Додатоци: Parfois 
Чевли: Mango & Bata

Фотографија: Jasna Chilimanova Nakova
Стајлинг: MissUrbanVibe
Шминка: MAC Cosmetics Macedonia
Фризура: Studio Pretty Woman

Благодарност до Fashion Group Macedonia за соработката на овој проект. 

Look at Vibe to look Your best
Love,
E

Comments