MARK YOURSELF WITH AVON MAKEUP
Пред извесен период на тестирање добив неколку производи од најновата линија на шминки на козметичката компанија AVON. Приказната зад линијата на производи MARK, како што велат од AVON е да ги мотивира девојките да ја истакнат својата индивидуалност, да експериментираат и да бидат свесни за неограничените можности во шминкањето.
Одлучив да почекам пред да го напишам овој пост, бидејќи навистина сакав рецензијата за производите да биде напишана по малку подолго користење на истите. По повеќе од еден месец користење, еве ги моите впечатоци за трите производи кои ги добив на тестирање.
Подлогата за лице Magic Face Primer има фин кремаст состав и е многу лесна кога ја нанесувате на лицето. Иако нејзината текстура е прилично густа, убаво се размачкува на лицето. Во описот на производот стои дека е наменета за кожа со повидливи брчки, меѓутоа сметам дека секој ќе може да ја користи, без разлика на типот на кожата, и ја препорачувам за секојдневна употреба како база пред да нанесете течна пудра. Меѓутоа, сепак, ако се одлучите да ја користите, би требало да знаете дека не е замена за крем за лице.
Маскарата Spectralash пријатно ме изненади првенствено заради четката со која се нанесува маскарата, а потоа и со нејзината текстура. Четката е густа и со неа убаво се расчешлуваат трепките, а во исто време маскарата рамномерно се распоредува на трепките, без да ви остави вишок текстура. Spectralash е специфична и по тоа што има три нивоа на волумен, со посебно дизајниран апликатор и четкичка која може да се намести на три различни густини (означени на пакувањето со броеви 1,2,3). Бројот три означува до 8 пати погусти трепки.
Во користењето јас не осетив некоја разлика помеѓу нивоата, ама мислам дека тоа е поради фактот што моите трепки се долги и густи и без да нанесам маскара. Веројатно затоа не можев да ја воочам разликата помеѓу нивото 1 и нивото 3.
И дојдовме до мојот омилен производ Avon Plump it lipstick. Ме освои уште на првото нанесување. Неговата формула е долготрајна и пигментирана, со навлажнувачко дејство. Бојата не е сјајна, но не е ниту мат и доаѓа во 15 нијанси. Овој кармин е специфичен по тоа што целосната боја ќе ја добиете само со едно нанесување врз устата. Нијансата која јас ја добив на тестирање е Power plum, боја која сметам дека одговара и за дневни и за вечерни и посвечени пригоди. Одлично ми се вклопи во целосната комбинација која ја носев на последниот Fashion weekend Skopje.
Останатиот дел од колекцијата вбројува и пудри за лице (течни, во прав), моливчиња, туш и сенки за очи, крем руменило во стик, сјај за уста, лакови за нокти, спреј за фиксирање на шминка и завршна пудра за фиксирање на шминката.
Бидејќи тест производите ми се покажаа како квалитетни и ми одговараат на кожата на лицето, заклучокот ми е дека дефинитивно би ги пробала и останатите производи од MARK линијата.
Look at Vibe to look Your best
Love,
E
Comments
Post a Comment