WHAT TO WEAR ON NEW YEAR'S EVE by MissUrbanVibe


На претпоследниот ден од годината, со многу измешани чувства, радост и возбуда, сеќавања и нови моменти, полека ја испраќаме старата за да ја дочекаме новата година... и во сето ова лудило си поставуваме нови резолуции, нови предизвици и нови задачи. 

И на само еден ден до пречекот на новогодишната ноќ, во недостаток на време да го напишам постот порано, би ви предложила две комбинации кои ги направив во соработка со прекрасната дизајнерка Марија Трајанова од брендот Marsin. Уште од првото испиено кафе и договорите за соработката, си ги осетивме енергиите и знаевме дека оваа фотосесија ќе резултира со многу позитивен фидбек. Да не ги заборавам и моите колешки Александра и Дани, кои полека но сигурно влегоа во листата на мои драги пријателки, преку соработките во последниве 364 денови. Што да кажам- виновна сум по прашање на дружба со луѓе, лесно ги засакувам сите оние со кои делам сличен, да не речам ист сезнибилитет. И да не забегам со темава, во некоја друга прилика ќе ви прераскажам многу повеќе за нашите дружби. Сега да се вратам на првобитната замисла за овој пост.  


Првата, иако подневна комбинација, сепак доволно женствена и со празничен дух. Црн фустан на преклопување, на кој освен дезенирани хулахопки не би му додала некој посебен накит, бидејќи самиот по себе е доволно накитен со комбинацијата на парчиња материјал со змиски принт. Кој нема проблем со ладното време може да го искомбинира фустанот со чевли со висока потпетица (пробана варијанта, одлично стои), а во мојот случај тоа беа чизми над колена (што да речам- ептен сум зимурлива иако сум родена во најзимскиот ден од годината).   



Втората комбинација, повторно составена од парчиња од деби колекцијата на Marsin, црн елек кој го искористив како фустан врз кој облеков уште еден подолг елек во беж боја со реси. Овојпат искористив колан со кој му дадов нова линија на елекот- фустан. И во овој случај решив да се задржам на минимализмот во комбинацијата, па затоа не додадов накит. За разлика од претходната комбинација, оваа одлично се надополнува со чизмите над колена. И дава порокерски шмек. 



Во однос на шминката, се одлучив за Smokey eyes, а фризурата, паааа може да ја наречете растурена, лежерна варијанта на пунџа. Истите ги овозможожија вредните раце на девојките од Кариера плус.    



Today I'm wearing:
Collection: Million voices by Marsin 
Shoes: Chantel
Hair and make up: Kariera plus
Photo credit: Erina Bogoeva
Location: Wonderlust Cafe & Concept store

Look at Vibe to look Your best
Love
E

Comments

  1. https://www.nordonews.com/2016/09/lee-bottom-fly-in-update-for-sunday.html

    ReplyDelete
  2. The store has been solving the problem for me,replica jimmy choo and the service is very patient, this is a perfect shopping experience. When I received the shoes, I thought it was a good copy.replica jimmy choo slipper I like this online store, this shoe is simple aThe store has been solving the problem for me,replica jimmy choo and the service is very patient, this is a perfect shopping experience. When I received the shoes, I thought it was a good copy.replica jimmy choo slipper I like this online store, this shoe is simple and generous. Very satisfied with this purchase.
    nd generous. Very satisfied with this purchase.

    ReplyDelete
  3. I have been watching my watch.cheapest rolex watches After receiving the goods, I was surprised. The leather strap is comfortable, the watch is lightweight,replica datejust watches of high quality, and good price. If you are looking for a watch that suits your daily wear, this replica watch is definitely the perfect outfit. I will buy again!

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular Posts